Pure heroine на рипит ми беше цел месец, многу ми е реална во текстојте и зато ја сакам,
јас мислев дека е повозрасна а таа била две години помала од мене..
Во почетокот тие што ја слушаа беа демек хипстери а одкако и се промовира на велико Royals почна и ќоро и сакато да ја слуша, па дури и по клубови ја пуштаат.
Добра е се надевам нема пребрзо да згасне
Се надевам дека нема да престане да ме изненадува. Мислам дека сум и најголем фан.
Иако изгледа како психопат на настапи, признавам.
Мислам дека тоа го прави затоа што длабоко се внесува во музиката. Го имам направено истото.
Мислиш лебдиш.
Не знам оти некои и го хејтат сценскиот настап мене баш ми е уникат, се внесува во песната и тоа е првото нешто што го поштовам кај еден артист кога знае како вистински да ја долови.
Не знаев дека била снимена специјално за новото продолжение на Хангр гејмс ама како и да е ќе мора да се изгледа штом ќе има ваква тема.
Мене ми е одлична, ценам артисти кои ја експонираат својата музика а не како денес секоја втора што прави песни за газови се извинувам на израз
Абе таа е уникат само знаеш кои сценски настапи се прифатливи нели? Тверкање и слично.
Таа изгледа како психопат но многу добро разбираме зошто нели? Сите изгледаме како психопати кога влегуваме во музиката, ја живееме.
Lorde ми е една од изведувачите кои со нивните песни ми ја менуваат личноста едноставно. Знае да ме однесе на места кои често заборавам да ги почувствувам.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.