Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Добро секој различно преферира затоа и предупредив за тие што не сакаат спојлери. Мене не ми пречи пошто знам од книгата одприлика што да очекувам од филмовите.

Во принцип гледам трејлери само за блокбастери, од нив го гледам степенот на продукција и ефекти. И онака во блокбастерите приказната е во втор план па нема што да ми "расипе".

Уште месец дена. (y)
 
Уште месец дена до премиерата, уште половина година до првиот торент со убава снимка :/
 
^ Ептен јако :)
 
Идеме у кино бе! Нормално ако не се дебилни па да го даваат по 2 месеци како лани.

Сега за сега има најава за во Синеплекс, но и лани беше исто па го откажаа на два дена пред премиерата. Кусо нека е тоа 3Д, сакам да си го гледам филмот како цел нормален свет, не да чекам 6 месеци за да можам да го украдам.

Само преводов ми е малку google translate. Пустошот? Лејктаун? :confused:
 
Така е стално.. кратат од филмовите по многу. Така беше и за LOTR кога не прикажаја дури и 40мин :/
 
Како мислиш не прикажаа 40 мин за LotR? Има 2 верзии Theatrical Cut и Extended Edition. Првата се прикажува по кина а втората излегува на DVD/Blu-ray по неколку месеци. Вака е за повеќето филмови.
 
Како мислиш не прикажаа 40 мин за LotR? Има 2 верзии Theatrical Cut и Extended Edition. Првата се прикажува по кина а втората излегува на DVD/Blu-ray по неколку месеци. Вака е за повеќето филмови.

Па имам другарче што беше на кино во Мексико ако не се лажам и незнам точно кој дел го скратија за 40 минути :/
 
Го кратат, море џелатот рацете да му ги скратит на тој таја, мајмуни мајмуносани у даби пусти кукале даБИ!! :mad::D
 
Ако кажам дека сум ги гледала повеќе од 10 пати, ќе ви стане јасно колку ги обожавам 3-те делови на Господарот на прстените?

-Многу ми се свиѓа поставата од актери ... не ми се верува колку добро се избрани, колку секој најмногу си одговара на својата улога и колку најдобро глумат!
-Иако е некаква фантазија, ептен реално изгледа се` ... не е пренатрупан со некои незамисливи сцени ... т.е. можеби има и по некоја таква, ама тоа воопшто не се приметува додека се гледа филмот.
-Многу ми се свиѓа и тоа што се опфатени повеќе теми ... има добро прикажани војни (срце ми се кине на секое гледање), љубовни моменти, доловено е другарството какво што би требало да е, фамилијарни љубови и нељубови :))) итн итн итн.
-Општо без здив ме остава секогаш целата таа борба на тоа големо зло против доброто ... тоа е секојдневна работа, само поинаку прикажана, па токму затоа толку ме фасцинира филмот ... неповторлив е и ќе го гледам уште мал милион пати!:vozbud:

Такоџе. Го обожавам и уште 100 пати да го гледам нема да ми здосади! :))))) Хаха орките, закон! Плус на Liv Tyler како и лежи улогата... чудо. Се си е на место.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom