Lord of the Rings Online - LOTRO

Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647

Не знам колку луѓето се информирани за оваа игра од Turbine, издадена од Codemasters. Играта е сместена во светот на прекрасното Толкиново дело Господарот на Прстените (книгите не филмовите) , и како такво има цело богатство на ситни детали кои би го задоволиле и најтврдокорниот Толкинов фан (како Гандалфовиот камен на Weathertop, или замрзнатиот гроб на последниот крал , Forochell). Приказната го следи патештествието на дружината на прстенот, и тоа поделено во volumes, првиот Shadows of Angmar , има 15 книги, илити books кои се инстанци низ кои секој играч би требало да помине за да ја следи приказната. Кога ќе се помине одредената книга, приказната оди понатаму, а дружината оди подалеку по патот кон Мордор. Сега за сега има три volumes , и тоа првиот е оригиналната игра, а вториот Mines of Moria , и третиот Siege of Mirkwood се експанзии, од кои втората експанзија е дигитална. Приказната во играта во моментов е некаде помеѓу првата и втората книга од Господарот на Прстените (дружината излезе од Морија, се одмори во Lothlorien, и се очекува познатото грабнување на хобитите кое во книгите се случува во втората книга, иако во филмовите тоа беше ставено на крајот на првиот филм).
Во однос на графиката, пленува со нејзината специфичност, иако има прилично големи побарувања со оглед на тоа дека е првата DirectX 10 MMO, па така си бара прилично јака машина (не би препорачал играње на машина под 2 гигабајти рам,DualCore/Core 2 Duo и ATI 3XXX GeForce 8XXX).
Во однос на музиката во LOTRO има еден прекрасен систем во кој , прво има класа која лечи со музика, свирејќи додека остатокот од дружината се тепа, и секоја класа може да научи одреден инструмент, како флејта, гајда, мандолина, и да си ги свири омилените песни кои пак ги симнувате во формат прифатлив за играта, па може да се слушне I cant get no satisfaction, Help!, Killing in the name of итн како ечат низ овој фантастичен свет :vozbud:.
Игривоста е слична на WoW, со тоа што PvP системот е многу лошо изработен (барем за мене ) - имено нема реален PvP туку PvMP , што би било еквивалент на играчи против други играчи кои го заземаат местото на лошите момци во боиштата ( не може да се избере лошата страна во играта), па така со пвпто не се добива ништо специфично за појачување на главниот лик. Барем за мене тоа нема некоја голема смисла.
Во играта има моунти исто како во WoW, а и системот на патување е решен слично како и таму (мапа наместо heartstone, итн). Има одличен крафтинг систем, од кој посебно би го пофалил cookingот и tailoringот.
Има за одбирање 4 раси, и тоа човек, елф, хобит и џуџе, со тоа што секоја од расите има женско и машко, освен џуџе :vozbud: кое може само машко, а од класите има champion(dps), burglar(нешто како rogue), bard(лечи со музика), guardian(тенк), warden(мешавина од тенк и dps), runekeeper(мешавина од волшебник и лечач), loremaster (волшебник кој има pets) и hunter(слично како во WoW, но овој нема pet туку се базира на стапици).
За крај, јас играм на Eldar - EU серверот, никот ми е Falcorin, игра и смерт таму, има повеќе македонци па ако некој игра/сака да игра може да пмне или мене или нему да се видиме во играта. Цената е во долари, со оглед на тоа дека е слаб доларот испаѓа околу 1000 денари за gamecard со два месеци играње, а експанзиите се по 600-1000 денари. Оригиналната игра мислам дека е 800 денари со што се добива еден месец гага. Еве ги и линковите
американското
http://www.lotro.com/
европското
http://www.lotro-europe.com/
Се разбира дека не може да се објасни цела една игра во помалку од страница текст, но верувајте ми, ако сте фанови на Толкин, нема да зажалите ако ја играте оваа игра. :smir:
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Да те поправам само во врска со цените. Оригиналната игра Shadows of Angmar е 10 долари, како и експанзијата Mines of Moria, додека новата експанзија Siege of Mirkwood е 20 долари. Претплатата за еден месец изнесува 15 долари и може да се изврши преку PayPal, Click and Buy или директно преку картичка. Исто така може да се земе и game-card кој на интернет може да се најде за 25 долари.
Играва е доста поефтина од WoW, секако дека не може да се споредува со WoW, а особено по бројот на играчите, но за Толкин фанови играва е must have. Кога веќе ја спомнав WoW, за LotRO можам да кажам дека има многу попријателски расположени и позрели играчи отколку WoW што го прави играњето многу попријатно.
Немам ништо друго да додадам, Hawk2401 објасни се што може да се објасни во една страна, ако нешто ве интересира слободно прашајте.


Мојот Dwarf (We may not have women, but at least we are not gay!) Guardian на Ultra High графика, не изгледа нешто посебно, но толку дозволува 7600 GT. BTW, Ultra High палам само за screenshot, иначе морам на medium да ја играм поради тоа што имам тапа компјутер.



Релаксација со pipe-weed со уште двајца членови на мојот екс kinship (guild) после успешно завршена 3-man инстанца. Можете да го забележите чадот во облик на брод, исто како кога Гандалф пушеше со Билбо :)



Тепачката со моментално најтешкиот бос од 6-man инстанците.

Толку screenshots за сега, кога ќе одам во raid нареден пат ќе направам некој за да го ставам тука.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Да бе, сите MMO се copy-paste на WoW, пошто WoW е првата MMORPG така???
 

DarkEyE994

Возам-_-Точак
Член од
4 март 2009
Мислења
285
Поени од реакции
9
Копија на WoW e ама стварно добра.
Сега играм на Vilya free to play,да видам до кај ќе стигнам без да купувам Turbine points,а не ни имам пари да купам.Сега во план ми е слотови за аукција да си купам
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Подобро купи си quest pack за да можеш да продолжиш да играш. Бидејќи си веќе левел 27, а со тоа и при крај на опсегот на левели за Lone Lands, би ти препорачал да си купиш North Downs quest pack. Зоната е навистина прекрасна, составена е од неколку разнолики делови и има голем број на квестови со кои мислам дека можеш да стигнеш дури и до левел 40. Потоа доколку собереш уште поени би ти препорачал да си земеш Angmar quest pack, во кој има доволно квестови да стигнеш и до левел 50, а потоа има 3 инстанци (Barad Gularan, Carn Dum и Urugarth) и 1 рејд (The Rift) кои ги добиваш со овој квест пак. Не би ти препорачал да купуваш слотови за аукција, не ти треба да правиш пари од аукција, бидејќи и онака како free player имаш лимит од 2 голд, кои во текот на левелирањето сигурно ќе го достигнеш.

Сепак сметам дека најпогодниот начин за целосно уживање во играта е да бидеш VIP subscriber, бидејќи на тој начин немаш никакви ограничувања и сите квестови ти се отворени, а како плус на тоа добиваш и 500 поени месечно кои можеш да ги трошиш на нешто друго или да ги собереш и да ги купиш двете експанзии од Turbine store. Јас веќе сум навикнат да плаќам месечно и планирам после лансирањето на LotRO F2P во Европа да плаќам месечно за да имам VIP статус и да уживам во сите придобивки кои тој ми ги дава во играта, вклучувајќи ги и поените, кои планирам да ги собирам за да ја земам бесплатно наредната експанзија.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
на lotro.com гледам има free регистрација и да играш free ама ми дава error
на lotro-europe има триал регистрација 14дена .. дали е исто ? после 14дена си продолжувам free освен ако не сакам да направам upgrade?
 

sveznajko

Random nobody
Член од
17 август 2006
Мислења
522
Поени од реакции
101
Што сте се напнале кој е чива копија ...
Во такво сценарио , ќе ја играм само првата пуцачина измислена и сите наредни ќе бидат копија , WTF?!?

Но, ај да занемариме колку е дебилен нападот врз оригиналноста , со цел да се омаловажи игривоста .
LOTR „светот“ е хронолошки далеку пред оној на Близард , чак што више , типот што го осмислувал , гарант го читал Толкин ко копиљ.
Carry on.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
може ли некој да ми направи Триал акаунт и да ми го пушти по ПП .. (на ЕУ сервер)
еве неколку пати пробувам не пушта ..
и чекам 10мин на телефон да ги добијам Супорт :)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
на lotro.com гледам има free регистрација и да играш free ама ми дава error
на lotro-europe има триал регистрација 14дена .. дали е исто ? после 14дена си продолжувам free освен ако не сакам да направам upgrade?
Можеш да направиш trial на lotro-europe, се очекува во скоро време да биде играта бесплатна и на европските сервери, па тогаш сите trial акаунти ќе бидат конвертирани во free акаунти и ќе можеш да си продолжиш. Иначе за тоа што викаш дека не ти дава да направиш акаунт, не знам што може да биде проблемот.
 

DarkEyE994

Возам-_-Точак
Член од
4 март 2009
Мислења
285
Поени од реакции
9
Пробај да ја отвориш страната преку Goatmule
Мене ми успеа
Проблемот е што немаш американска ip адреса
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ги добив телефонски ..
ми дадоа ЦД ки за фри то плеј на американски сервер ..
на ЕУ сеуште нема фри то плеј ..
така да ќе ја ѕирнам тука на американскиов
 

DarkEyE994

Возам-_-Точак
Член од
4 март 2009
Мислења
285
Поени од реакции
9
Го имам North Downs само незнам како да си купам TP (немам долари и немам сметки и кредитни картички)треба да пробам со некое од оние онлине реклами ова она
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Наскоро се очекува пуштање на LotRO Free2Play и на европските сервери. Од понеделник, 25ти октомври, почнува preview event (нешто како бета) за кој можете да се пријавите тука. Тие што ќе учествуваат во preview event-от ќе добијат бесплатни 500 поени по официјалниот release на LotRO F2P. Па затоа, ги охрабрувам тие кои сеуште не почнале да играат на американските сервери да се пријават и за едно 2 недели да почнат да играат на европските сервери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom