- Член од
- 13 декември 2009
- Мислења
- 1.307
- Поени од реакции
- 647
Не знам колку луѓето се информирани за оваа игра од Turbine, издадена од Codemasters. Играта е сместена во светот на прекрасното Толкиново дело Господарот на Прстените (книгите не филмовите) , и како такво има цело богатство на ситни детали кои би го задоволиле и најтврдокорниот Толкинов фан (како Гандалфовиот камен на Weathertop, или замрзнатиот гроб на последниот крал , Forochell). Приказната го следи патештествието на дружината на прстенот, и тоа поделено во volumes, првиот Shadows of Angmar , има 15 книги, илити books кои се инстанци низ кои секој играч би требало да помине за да ја следи приказната. Кога ќе се помине одредената книга, приказната оди понатаму, а дружината оди подалеку по патот кон Мордор. Сега за сега има три volumes , и тоа првиот е оригиналната игра, а вториот Mines of Moria , и третиот Siege of Mirkwood се експанзии, од кои втората експанзија е дигитална. Приказната во играта во моментов е некаде помеѓу првата и втората книга од Господарот на Прстените (дружината излезе од Морија, се одмори во Lothlorien, и се очекува познатото грабнување на хобитите кое во книгите се случува во втората книга, иако во филмовите тоа беше ставено на крајот на првиот филм).
Во однос на графиката, пленува со нејзината специфичност, иако има прилично големи побарувања со оглед на тоа дека е првата DirectX 10 MMO, па така си бара прилично јака машина (не би препорачал играње на машина под 2 гигабајти рам,DualCore/Core 2 Duo и ATI 3XXX GeForce 8XXX).
Во однос на музиката во LOTRO има еден прекрасен систем во кој , прво има класа која лечи со музика, свирејќи додека остатокот од дружината се тепа, и секоја класа може да научи одреден инструмент, како флејта, гајда, мандолина, и да си ги свири омилените песни кои пак ги симнувате во формат прифатлив за играта, па може да се слушне I cant get no satisfaction, Help!, Killing in the name of итн како ечат низ овој фантастичен свет .
Игривоста е слична на WoW, со тоа што PvP системот е многу лошо изработен (барем за мене ) - имено нема реален PvP туку PvMP , што би било еквивалент на играчи против други играчи кои го заземаат местото на лошите момци во боиштата ( не може да се избере лошата страна во играта), па така со пвпто не се добива ништо специфично за појачување на главниот лик. Барем за мене тоа нема некоја голема смисла.
Во играта има моунти исто како во WoW, а и системот на патување е решен слично како и таму (мапа наместо heartstone, итн). Има одличен крафтинг систем, од кој посебно би го пофалил cookingот и tailoringот.
Има за одбирање 4 раси, и тоа човек, елф, хобит и џуџе, со тоа што секоја од расите има женско и машко, освен џуџе кое може само машко, а од класите има champion(dps), burglar(нешто како rogue), bard(лечи со музика), guardian(тенк), warden(мешавина од тенк и dps), runekeeper(мешавина од волшебник и лечач), loremaster (волшебник кој има pets) и hunter(слично како во WoW, но овој нема pet туку се базира на стапици).
За крај, јас играм на Eldar - EU серверот, никот ми е Falcorin, игра и смерт таму, има повеќе македонци па ако некој игра/сака да игра може да пмне или мене или нему да се видиме во играта. Цената е во долари, со оглед на тоа дека е слаб доларот испаѓа околу 1000 денари за gamecard со два месеци играње, а експанзиите се по 600-1000 денари. Оригиналната игра мислам дека е 800 денари со што се добива еден месец гага. Еве ги и линковите
американското
http://www.lotro.com/
европското
http://www.lotro-europe.com/
Се разбира дека не може да се објасни цела една игра во помалку од страница текст, но верувајте ми, ако сте фанови на Толкин, нема да зажалите ако ја играте оваа игра. :smir: