- Член од
- 13 септември 2020
- Мислења
- 93
- Поени од реакции
- 212
Факт е дека про-комунистичка, про-руска партија во земја на европскиот континент во 2025 година нема теоретски шанси да ниту да помириса нешто близу власт. Друг факт е што и покрај тоа што на локални избори помалите партии можат да акумулираат повеќе гласови и резултати поради тоа што во многу места се гласа за поединецот, а не партијата, влегоа во филм дека се втора партија во државава а уствари на државно ниво, се малку подобри од ЗНАМ (кои патем, 90% од партијата им е Куманово). Единствена причина поради која Амар се најде во втор круг во Град Скопје е поради расцепканата и никаква конкуренција и револтот на Скопјани собран последниве 4 години од Данела, која беше кандидат поддржан од ВМРО. Ако погледнеш надвор од Скопје, Левица едвај и да постои во поголемиот дел од државата. Штабовите им се по 2-3ца луѓе, многу помалку од пред 2-3 години. Не знам за каков перманентен раст збориш ти, ама окејВиди, може да им се смееме колку сакаме, но факт е дека Левица перманентно расте, и ако вака продолжат не е прашање дали, туку само прашање е на време кога ке бидат власт. Факт е дека освен дпмне и сдсм до сега немаше друга партија, сите тие испрдоци како демократски сојуз, дом, нови, вистински, земјоделски... никогаш не беа партии туку само мостови за пребег од опозиција во позиција, израз на револт од својата партија, или магаренца за да се допре до некое директорско местенце или со шлепање во коалиција до дојдат до пратеничко место кое самите никогаш не би го извојувале. После дпмне и сдсм, Левица е првата асли партија која се гради за да некогаш дојде на власт а не само за моментално пазарење. Може да не се слагаме со нивните ставови но мораме да им признаеме дека се сериозни во намерата да станат фактор. Немаа ниту еден пратеник, дојдоа до двајца а сега имаат шест, немаа советници па земаа некој тук таму а сега скоро и да нема совет каде не се претставени... и тоа секогаш сами на избори, без коалиции.
Од мене совет им е да бидат првата партија во која неможе секој да биде член, симпатизер да, а за член ке видиме.
