- колку вкупно гласови ке освои ДПМНЕ на советничките листи, т.е очекувам да имаат осетно намалување на бројот на гласови од парламентарните избори
Ниту за време на Груевски кога беа најсилни, имаа најголема контрола, никогаш не освојувале на советнички листи, исто како и на парламентарни.
Мислам дека ниту една партија нема освоено повеќе од 360 000 гласови на листи за советници.
2008 на парламентарни, после Букурешт, се на 480 илјади, а во 2009 година на локални, на советничките листи освојуваат околу 300к гласови. Тогаш се заедно со претседателските, во прв круг Иванов освојува ~350к.
Како реакција на овие избори (разликата во гласовите од рејтингот на партиите и резултатите на советничките листи) е и онаа легендарно интервју на Васко со Влајко, кога се расправаа за анкетите, а во пресрет на следните парламентарни избори. Дали може така да се споредуваат, колку е преценет ДПМНЕ и слично, но на тие парламентарни избори (2011), кои беа доста тензични, пак Грујо освои многу, речиси 440к гласови.
Сега е малку различно, ДПМНЕ освои 440к гласови, затоа што доста луѓе гласаа, само за СДС-ДУИ да изгуби. Иако ова е огромна бројка кога ќе се спореди со претходните избори и поради тоа што има помалку гласачи во Македонија.
Би било чудо да освојат приближно толку гласови сега, на страна што и излезноста ќе биде помала, па од старт не може да ги повторат тие гласови, плус некои коалициски партнери одат самостојно.
Се околу 400к би било извонреден успех за ДПМНЕ, од 370-390к одличен, изнад 360к многу добар резултат и можеби и најмногу освоени гласови на локални избори.