Вчера Биљана Ивановска, поранешната директорка на ДКСК која им извади милион скандали на СДСМ, објави дека ќе се кандидира за Центар како кандидат на Независни Заедно, т.е. партијата која обединува неколку локални независни иницијативи. Уште истата вечер на врата и дошла полиција со покана за разговор во обвинителство. Сакам да верувам дека женава има политички капитал и препознатливост и има какви такви шанси да ја сруши коалицијата на ВМРО и СДСМ барем во Центар. Затоа и веднаш реакција од топлите браќа во заштита на нивната власт. Многу е очигледна веќе братската љубов на овие две партии, не знам кој уште верува дека се политички непријатели.
Никаква закана за никого не е. Центар си е 100% за СДС . Поверојатно ми е женчево преку контакти свои во полицијата, за која не се знае кој ја контролира во моментов, да си билда некаква тракција портетирајќи се како нова жена-херој од типот на Катица и Фатиме.