Like whore т.е лајк "курви"

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Квалитетот на дискусиите варира. Копај ги темите уназад ќе видиш колку ѓубре има. Кои се тие квалитетни теми?
Овие?
http://forum.kajgana.com/threads/Кочии-од-дрво-или-златни.15036/
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-минувањето-на-времето-е-движење.4281/
I fail to see the ingenuity.
Квалитетни дискусии се ретки, биле ретки и ќе бидат ретки. Тролови имало, има и ќе има само што до пред некоја година никој не беше свесен дека поимот е веќе coined па на овие простори беше општопознат како "ремет". Твојов пост е оноа oldfag понашање кај што членови што се тука пред 2008 упорно масираат со reminiscing постови во теми ко оваа. Не ми е целта да ги серам старите членови ниту да ги бранам новите in other words сеедно ми е, само да ти потенцирам дека времето не праи никаква разлика на вакви места. Доаѓаат идиоти и си идат идиоти. Доаѓаат учени и си идат учени. И првите секад ги има повеќе од вторите.

Кај од 40 000 теми на форумов ги ископа овие, жити се?

За болдот...не си бил на форумов во тие периоди и затоа даваш вакви коментари. Шо знам, имаше поинаква атмосфера некако. Сега се е квантитет, повеќе членови, повеќе теми, ама се губи квалитетот. Чим повеќето од постарите членови укажуваат на фактот дека порано било подобро ( Југославија стајл ), значи стварно било. Не си затекнал многу од форумџиите кои го изградија форумов да не речам, а сега поради не знам кои причини (кхм) не се активни. Многу, многу малку членови знаат да напишат убав пост, онака мерак да ти е да го читаш, како што пишуваа Серпико,Дивајн,Форнч,Сатори,Полароид,Шмекерот....
Налет се, ни дудлачи не останаа :(
 
Кај од 40 000 теми на форумов ги ископа овие, жити се?

За болдот...не си бил на форумов во тие периоди и затоа даваш вакви коментари. Шо знам, имаше поинаква атмосфера некако. Сега се е квантитет, повеќе членови, повеќе теми, ама се губи квалитетот. Чим повеќето од постарите членови укажуваат на фактот дека порано било подобро ( Југославија стајл ), значи стварно било.

Не би рекла дека порано било подобро, туку беше поразлично. Форумов го прават луѓето реално, некогаш ќе има топ периоди, некад тапа периоди и така во магичен круг. Порано (ете и јас сум дел од тие постари членови) беше поинаку пошто помалку членови беа и доволно беше да се појавиш на две собиранки и да ги запознаеш 80 посто од активните форумџии и тука можеби да речам дека беше и предноста.
И јас знам некад во носталгија да кажам дека ееее порано други времиња беа, ама кога ќе видиш и сега си има некој шмек.
Едноставно, се менува форумот, нешто ќе ни се свиѓа, нешто не, ама тоа е тоа...
 
Кај од 40 000 теми на форумов ги ископа овие, жити се?

За болдот...не си бил на форумов во тие периоди и затоа даваш вакви коментари. Шо знам, имаше поинаква атмосфера некако. Сега се е квантитет, повеќе членови, повеќе теми, ама се губи квалитетот. Чим повеќето од постарите членови укажуваат на фактот дека порано било подобро ( Југославија стајл ), значи стварно било. Не си затекнал многу од форумџиите кои го изградија форумов да не речам, а сега поради не знам кои причини (кхм) не се активни. Многу, многу малку членови знаат да напишат убав пост, онака мерак да ти е да го читаш, како што пишуваа Серпико,Дивајн,Форнч,Сатори,Полароид,Шмекерот....
Налет се, ни дудлачи не останаа :(

Види, како пандан на тогашните Серпико, Дивајн, Форнч, Сатори, Полароид, Шмекерот денес ги имаш Савле, Ставрогин, Тапетарот Петар, Атеист, DBack, Donald Sikert, Ipsissimus, Хептаграм и уште цела една плејада на ликови кои пишуваат сериозни постови. Уште ми oldfag-уваш сеа. Тоа што постарите членови викаат дека било подобро потенцира само на тоа дека носталгичарат по некои заборавени времиња. Али прошле, форумот еволуирал и на него имаш друга фела на интелигентни ликови.
Копал не копал, темите се тие. Од времињата кои ти ги нарекуваш поквалитетни од сегашните. А ако копаш доволно ќе видиш дека сразмерноста на ѓубрето и квалитетот е иста и тогаш и сега.
 
Не би рекла дека порано било подобро, туку беше поразлично. Форумов го прават луѓето реално, некогаш ќе има топ периоди, некад тапа периоди и така во магичен круг. Порано (ете и јас сум дел од тие постари членови) беше поинаку пошто помалку членови беа и доволно беше да се појавиш на две собиранки и да ги запознаеш 80 посто од активните форумџии и тука можеби да речам дека беше и предноста.
И јас знам некад во носталгија да кажам дека ееее порано други времиња беа, ама кога ќе видиш и сега си има некој шмек.
Едноставно, се менува форумот, нешто ќе ни се свиѓа, нешто не, ама тоа е тоа...
Мислам дека не е никаква предност на форумот, да се запознаеш во живо со сите активни форумџии.
Во ред тебе може ти е океј тоа од причина што си премногу фина, ама после запознавање во живо многу од форумџиите кога имаат несогласувања за некоја тема почнуваат со внимателност да пишуваат и дури се повлекуваат од дискусија само за да се зачува пријателството.
Мислам сум за запознавање на форумџии и дружење ама само со оние со кој веќе знаеш дека делиш слични ставови на многу теми или пак со форумџии со кој немаш никакви допирни точки.
Се останато запознавање (освен ако не е за врска или секс, тогаш може да биде интересно на форумот после кавгата) делува лошо за форумот и ја отупува дискусијата.
 
Само јас ли неам приметено хумористичен пост на Мачорка? :D Изгледа не ги отварам тие теми...
 
Кој го боли кур бе брат за измислени ликови на форум жити се?
Дал пишувале за лајкови или од некакви просветителски каузи, who cares?
Ова што го глеаш тука, нема врска со тоа што ќе го видиш у живо.
Кој бил на собиранка, знае.
 
Бре, бре, бре.
Ако нема такви коментари, wtf ќе биде интересно тука?
Да бидеме искрени, во цела таа несреќа, да не ги тролавме влијателните, колку од вас ќе обрнеа внимание?
Луѓето сакаат да се чувствуваат добро, без оглед колку е тешка ситуацијата или темата.
Хуморот е природна работа, и смеењето исто така, не гледам зошто да го нема истото.
--- надополнето: 13 февруари 2013 во 03:40 ---
Ќе ме натераш сега да и ги прочитам сите мислења на Мачорката.:icon_lol:

You won't regret it(y)
 
додека беше форумов вбулетин и имаше зеленки и црвени мислам дека беше подобро - со ксенинфово и со ЛАЈК-овиве малце се заеба работава ама зависи кој како си го сваќа ова... во секој подфорум си има модератори назначени од ејсид - и се знае дека офтопик мислења се бришат - погледнете колку мислења имаат избришано модераторите за кои мислат дека не се соодветни навредливи офтопик и слично... и мене ме нервира кога ке видам на сериозна тема како некој почнува да си игра мајтап и си спама ко да е у ЧДА ама како што кажав си има модератори нека си ја вршат работата - ако не сте задоволни од модераторите ете ви го ејсид реагирајте. - што се однесува на лајковите - место да цитирам цели мислења и да пишам ТАКА Е ДРЖУЕ ете ти опција лајк - конретно за мене стискам лајк на постови што стварно мислам дека вредат и постови со кои апсолутно се согласувам а да изиграва некој паметњакович на теми со цел да се собере некој лајк мислам дека неиде.. на крај краева форум е - сите имаме право да го кажеме тоа што го мислите и фала богу сите сме различни што значи и различни размислувања и сваќања имаме.

Член сум од 2006 година и знам од прилика како се движеа работиве на форумов порано - мислам дека порано на форумов се водеа далелку по квалитетни дискусии и по сериозни муабети - немаше тролови и спамери ко што ги има сега и верувајте ретко беше да се најде краток пост на некои по озбилни теми - искрено со мерак сум читал одредени форумџии и одредени теми... со текот на времето кавалитетов на форумов се намалува а се зголемува само квантитетт односно повеќе членови...
 
Кој го боли кур бе брат за измислени ликови на форум жити се?
Дал пишувале за лајкови или од некакви просветителски каузи, who cares?
Ова што го глеаш тука, нема врска со тоа што ќе го видиш у живо.
Кој бил на собиранка, знае.
Собиранка е шитот, друго нишо не се важи.
Форумов е копи-паста срање (на моментИ), башка твитер манија ги фаќа форумџииве - пазат шо пишуваат.
У “старо време“ бев у први 10-15 по репутација а бев “млад форумџија“, во време коа имаше и црвенки - или у превод можеа и да те минусираат.
Сеа хејтерите не се важат, само позитивата се глеа.
Тогаш и мене ме копкаше кој како шо со репутација, не викам не, али никад не сум се умарал.
Особено сега, со моиве 10.000+ мислења и едвај 3.500+ лајкови, к*р ме боли кој ме чита и кој сфиѓа шо сум пишал.
Го поштуем чоекот според постовите, а не според пост спрема лајк ratio-то.

Едит: а од секогаш ќе има лајк курви.
Памтам од стариот систем хакет мен коа дали направи мулти акаунти или ги најми другарчињата не знам - али стана прв по репутација - повеќе од џену и есид и дивајн и сатори и сите а постираше само во “На денеш ден..“ секој ден...смешки беше.
Поентата ми е, нишо не значи лајкот.
 
Имаше ако не се лажам и една багра не се сеќавам од кој составена, бомбардираа со црвенки ако го фатеа на пик некој член, имаше и социјална група кај што се договараа:facepalm:
Туку на темата, несакам да посочувам кој член ниту како пример затоа што нема потреба, секогаш сакам да прочитам долго и убаво напишано мислење, макар и да е спротивно од моето. Не викам дека сарказам и хумор не е во ред, ама мислам дека се треба да се прави со усул, а не 95% од мислењата да ти бидат твитер постови (нели, 140 карактери:facepalm:) со саркастични досетки. Не е убаво, се што е претерано не е убаво. Не дека не сум се насмеала некогаш или нема да се насмеам во иднина, само мислам дека не треба да се претерува.
 
Па тоа е уметност и вештина, покрај убаво осмислени и структуирани мислења да направиш "лајкови" или да предизвикаш реакција со една реченица, со една смешка, игра на зборови итн.
Тоа што лесно може да се предвиди на што ќе се запали заедницата е проблемот, а проблемот на членот е што тој не е тој на кој му текнуваат тие смешки.
Кога овие мислења предизвикуваат голема реакција значи дека дискусијата е исцрпена, нема кворум или дека е погрешна целната група која е вклучена во разговорот.
Членот изгледа сака да претстави дека му пречат вакви мислења во релевантни дискусии, ама самото тоа што ваквите мислења предизвикале внимание покажува дека дискусијата е нерелевантна и напротив, непотребно мозгање на нерелевантни теми како оваа е поголем проблем.
 
а проблемот на членот е што тој не е тој на кој му текнуваат тие смешки.

Не ме знаеш лично за да тврдиш дали сум хумористичен или не, поентата на темата е далеку од мој личен хумор и дали јас умеам да правам смешки или не. Тоа ќе мора да се види на некоја собиранка...
--- надополнето: 13 февруари 2013 во 13:22 ---
Членот изгледа сака да претстави дека му пречат вакви мислења во релевантни дискусии, ама самото тоа што ваквите мислења предизвикале внимание покажува дека дискусијата е нерелевантна и напротив, непотребно мозгање на нерелевантни теми како оваа е поголем проблем.

За првото си во право, а тоа дека некој многу мозга на оваква ирелевантна тема и дека ова било поголем проблем од онакви едно-реченични тролови ти е многу грешка.

Се развива некоја дискусија и некој ненамерно погреши нешто и тука на сцена настапуваат троловите кои или со некое гифче кое не знам како не ги мрзе да го бараат или со некоја реченица ала Џорџе Балашевич стил, само во троловска и хумористична форма.
 
Делимично ќе се сложам со Емкаа.
Да, кванитетот го утепа квалитетот, и тоа не тука туку општо во интернет просторот. Првично поради достапноста на самиот интернет, а понатаму поради непрофесионалноста на истиот простор. Колку само портали, форуми се имаат отворено и опстојуваат по воведување на XenForo-то. Имало и порано, не викам не. Но знаете како иде тоа, некои се повлекоа оттука и повлекоа одредена група на членови. И поради зајадливоста се создаваат т.н. кланови што од едната што од другата страна се` со цел да се всади некоја аморфна маса на тролови кои го спуштаат нивото на квалитет во двата простори. Не сме од вчера па да не се гледа тоа. И искрено, поентата не ми е воопшто сфалтива, што треба да се постигне со тоа? И едните и другите се деградираат за некаква си популарност. Едните за возобновување на стара слава, другите како можност да блеснат. Која можост бе? И едните и другите знаете добро дека всушност со тоа што се замарате со деградации и омаловажувања, станувате директен плен на сопствените грешки. Тоа е повеќе до менталитетот - шкотски племиња во среден век.Тоа е што се тиче синдромот наречен зајадливост на одредена група.
Што се тиче на оние индивидуалците, тука им симнувам капа. Не затоа што останаа, туку што не потклекнаа во ниедна маса. Ретки се, стварно но ги има. Не сум за да набројувам членски имиња (тоа е капитална грешка на авторот на темава), но верувам дека индивидуалците се имаат пронајдено.Околу оние што си имаат заминато, (индивидуалци) едноставно се имаат пронајдено меѓу себе и можеби си имаат оформено заштитен круг во кој функционираат можеби далеку подобро. Можда и тие ја осознаа аморфната маса и пробуваат во најмала рака да ја избегнат. Или да и` сервираат оноа што таа го посакува.Искрено нивна политика на функционирање.
И не... не се дели работава на влијателни или не знам какви. Факт е дека квантитетот не` потопи сите во таа аморфна маса. Само кој како ќе исплива.
 
Не сум за да набројувам членски имиња (тоа е капитална грешка на авторот на темава), но верувам дека индивидуалците се имаат пронајдено.

Јас знаев дека ќе има вакви реакции што е нормално, тоа е само мое мислење кое можете, а и нормално дека не морате да се сложите. Некогаш мора да покажеш со прст кон некого, па макар и да си грешка.
Исто како што кон мене некои од тука ме земале на заб, зашто не би и ја, па што ако е пред мене тука и што ако има одено на собиранки, а јас ете сеуште не.
И знам дека сите што имаат одено, после таа средба си се чувате меѓу себе на форумот и не сакате да си покажувате со прст еден на друг оти ете... се знаете и лично, па во некои дискусии или се повлекуваат и нејќат да си противречат, или строго си се поддржуваат.

Тука ќе ја спомнам и Леандра која се истрипа со некоја глупа констатација дека мојот хумор бил далеку од нејзиниот. Претпоставувам дека они две се знаат и лично, а она мене не...
Цитирам
На хуморот на Мачорка моеш да и се фатиш најискрено.

Драга Мониче, верувај дека имам одговор и на ова, само не е за на форум, ќе го чувам за лично, уште поубаво и со Мачорка ако сте заедно
 
Јас знаев дека ќе има вакви реакции што е нормално, тоа е само мое мислење кое можете, а и нормално дека не морате да се сложите. Некогаш мора да покажеш со прст кон некого, па макар и да си грешка
Lad, можда беше моја и твоја грешка штом спомнавме директно со прст но ова ти го дадов како најдобронамерен совет. Не реков дека не се сложувам со голем дел од твоето мислење. Само кога веќе покажуваш со прст кон одредени членови, биди спремен на последиците. Ова од искуство ти го кажувам, ма колку и да си бил во право за хуморот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom