Like whore т.е лајк "курви"

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Нели еднаш имавме една форумџика во обид која крена паника за 10-тина лајкови кои ги изгубила кога падна серверот па Ејсид и даде милион или јас имам температура?

Тоа е веќе пријателе од ретардација. Значи некои луѓе се ретардирани а не се свесни за тоа се додека не пораснат ( и во годините и во умот ) и да им текне она " Леле колку сум бил глуп/а види за што сум плачел/а " :)
 
За тие што не знаат на форумов постои опција да блокнете еден или повеќе членови и да си ги скратите маките.(Не дека има некој што не го знае ова ама колку да се каже)

Спомнаа веќе погоре крајно некултурно е да спомнувате никови на одредени членови за да ја докажете поентата.

Кажав да не се повторувам постои опција блок за тие луѓе што не ви се допаѓаат.
 
Абе вие сте многу чудни, ми се нафрливте тука Мачорка ова она. Мене искрено многу ми е гајле и за бројот на нејзините постови и лајкувањата кои ги има. Примерот го кажав бидејќи ја имам забележано како се убацува со некој као досетлив коментар у некоја XY тема, и тоа неа ја пишав пошто прва ми текна, т.е ми паднала у очи. И не реков дека СИТЕ постови и се такви, али ако порано е била оригинална, сега некако и се зорле хумор...
Читам нешто сум имал премногу време за форумот, сам сум бил таков па сум ја отворил темата :icon_lol: Да бе... :icon_lol: Некој го спомна и Телекабел :icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Али не е во ред да спомнуваш членови, не можеш да знаеш кој за што пишува.

Можеш... ако имаш прочитано постови... Плус јас никаде не реков дека она е цела таква, туку дека имам забележано на повеќе пати дека и е апла постот

Проблемот е многу поголем од Мачорка и од овој форум, тоа веќе станува патетично со желбата за внимание на секој чекор и веќе преминува во attention whore
 
лајковите не можете да ги замените за реални пари :(

Не е точно. Ray William Johnson е најпопуларен на Youtube и живее од лајкови. Истиот тој најпопуларен јутјубер се занимава исклучиво со човечката глупост. Популаризира "вирални" видеа со луѓе како се тркалаат по ексалатори. Некој ја снимил глупоста, овој ја пуштил на Youtube, собрал спонзори и си направил бизнис. Kim Kardashian делумно живее од твитови. Наплаќа за секој твит во кој промовира пудра од глувчешки гомна.
Имам пријатели, дел почнале тука на форумов, дел на фејсбук, на твитер, кои по неколку илјади лајкови биле приметени од некој медиум и денес заработуваат благодарение на лајковите. Едно е јас додека пиеме кафе да им викам во лице дека ја глорифицираат глупоста и си ја навредуваат интелегенцијата, а сосем друго е да им ја оспорувам легитимноста на изборот и начинот како да стигнат до профит и каков-таков статус. На второво немам право.
 
мислев само на форумот
 
Абе вие сте многу чудни, ми се нафрливте тука Мачорка ова она. Мене искрено многу ми е гајле и за бројот на нејзините постови и лајкувањата кои ги има. Примерот го кажав бидејќи ја имам и забележано како се убацува со некој као досетлив коментар у некоја XY тема, и тоа неа ја пишав пошто прва ми текна, т.е ми паднала у очи.

Проблемот е многу поголем од Мачорка и од овој форум, тоа веќе станува патетично со желбата за внимание и веќе преминува во attention whore

Зошто се чудиш? Ја спомнуваш девојката во одреден контекст, единствено нејзе ја издвои, ја ставаш во исти кош со некои тролови со полуоформени и полунапишани мислења и одозгора на све - се чудиш?

И тешко дека некој ќе ти поверува дека многу ти е гајле за бројот на нејзините постови или уште побитно за бројот на нејзините лајкови. Ова потенцирање од твоја страна не доаѓа од „просто ја приметив ваму“ или „се убаци на онаа тема“

Проблемот е голем, ама на фб, нарочито кај малолетни девојчиња кои се мање-више спремни на све за 20+ лајкови, не на форум каде лајковите (како што беше кажано погоре) се израз на поддршка или согласност.
 
Друго, донекаде и те разбирам што реагираш, те нервира тоа кога некој го уништува квалитетот на дискусијата со коментари „од страна“ , но за тоа си има модератори и администратори кои си знаат што да прават.Ти само напиши си го коментарот и готово, а верувај, тие што се заинтересирани за дискусија ќе го цитираат твоето мислење, без разлика колку и да има мислења кои не се во контекст со темата.Од проста причина зошто и тие се заинтересирани за таква дискусија.
А сега, ако некој напишал некоја зафрканција на таа тема, и е во контекст со темата тоа го одобрувам, зошто нели, сепак сме човечки суштества мора малку да има и зафрканции нели, неможеме да функционираме како роботи а и покрај тоа и зафрканцијата и дава „шмек“ на дискусијата; и дава стимул на еден начин.......Значи не треба да се разбира тоа толку погрешно, се разбира ако зафрканцијата е во контекст со темата.Ако не е, тогаш и јас сум за тоа таквите мислења да се санкционираат.

Ќе те цитирам пошто си во право. Целта на темата ми беше на ОФ-ТОПИК "досетливи" коментари, нормално дека една дискусија не може да биде стерилна
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 22:37 ---
И тешко дека некој ќе ти поверува дека многу ти е гајле за бројот на нејзините постови или уште побитно за бројот на нејзините лајкови. Ова потенцирање од твоја страна не доаѓа од „просто ја приметив ваму“ или „се убаци на онаа тема“

Ако теоретски си во право, ама само ТЕОРЕТСКИ, верувај дека и мојот број на постови би бил многу поголем
 
Малце е глупо што спомнуваш членови, али до некаде држи вода муабетот (не конкретно за Мачорка, тука не се согласувам). И порано го имаше истиов систем кога имаше репутација, па ќе ти даде зеленко со муабетот “врати ми назад“. До некаде си е во право човекот, али не можеш да обвинуваш конкретни членови кога не знаеш зошто реплицирале. На крај краева, кој за што сака нека си пишува, право на избор. Некој за лајкови, некој од досада, некој за забава и сл. Право на избор. Го има истово и на Фејсбук и на Твитер, се натпреваруваат кој попаметен статус/твит ќе напише за поише ретвитови или лајкови. Едноставно социјалните мрежи го будат егото во човекот и прават да зависи од “признанието“ на другите. Али не е во ред да спомнуваш членови, не можеш да знаеш кој за што пишува.

Крејзи не се согласувам. Системот со репутација функционираше сто пати подобро од ова, пошо ако добро паметам имаше ограничен број на зеленки кои можеше да се дадат во текот на еден ден. Се пишуваа и подбри постови, имаше и поквалитетни дискусии. Сега веднаш штом се отвори нова тема се наоѓа некое тролче со некоја смешна досетка па ајде сите лајк. Пожустро беше тогаш, башка ако не ти се свиѓа мислењето - црвенко, барем се знаеше ако ништо друго каква репутација има членот. Сега гледам кај некои начукале 1000 лајкови а отварам мислења се по една реченица, досетки некои. Пошо искрено форумов станува досаден баш од вакви причини, се ми се чини дека се пишуваат постови само за лајк+, а не за да се развие дискусија. Нека ти текне само колку квалитетни членови си заминаја горе долу поради тоа, се намачил некој напишал долг пост, се објаснал, и некој паметњакович го цитира со некоја шега и автоматски добива повеќе лајкови од него. Не вреди. :)
 
Сега гледам кај некои начукале 1000 лајкови а отварам мислења се по една реченица, досетки некои. Пошо искрено форумов станува досаден баш од вакви причини, се ми се чини дека се пишуваат постови само за лајк+, а не за да се развие дискусија. Нека ти текне само колку квалитетни членови си заминаја горе долу поради тоа, се намачил некој напишал долг пост, се објаснал, и некој паметњакович го цитира со некоја шега и автоматски добива повеќе лајкови од него. Не вреди. :)

ОВА

ми фали во уводниот пост
 
мислев само на форумот

Ако де. Во тој контекст ми беше вториот дел од постот. Кајгана постои од 2005. Неколку дечки денес се етаблирани виртуелно благодарение на отскочната даска и луѓето кои на овој форум ги приметиле, им давале зеленки и ги лајкувале нивните мислења(Јофе е очигледна аномалија и исклучок). Дел од тие дечки пишуваа квази-псевдоинтелектуални-драпајсимадиња-демек-смешни глупости(Јофе очигледно не е исклучок). Сепак форумџиите ги сакаа и денес заработуваат од пишување квази-псевдоинтелектуални-драпајсимадиња-демек-смешни глупости за некој медиум. Некои имаат и сајтови каде континуирано ја глорифицираат глупоста. Посетени сајтови. Се тоа почнало со лајковите на кајгана. :)
 
затоа добри си беа зеленките и црвенките на форумов порано:ROFLMAO:
 
Крејзи не се согласувам. Системот со репутација функционираше сто пати подобро од ова, пошо ако добро паметам имаше ограничен број на зеленки кои можеше да се дадат во текот на еден ден. Се пишуваа и подбри постови, имаше и поквалитетни дискусии. Сега веднаш штом се отвори нова тема се наоѓа некое тролче со некоја смешна досетка па ајде сите лајк. Пожустро беше тогаш, башка ако не ти се свиѓа мислењето - црвенко, барем се знаеше ако ништо друго каква репутација има членот. Сега гледам кај некои начукале 1000 лајкови а отварам мислења се по една реченица, досетки некои. Пошо искрено форумов станува досаден баш од вакви причини, се ми се чини дека се пишуваат постови само за лајк+, а не за да се развие дискусија. Нека ти текне само колку квалитетни членови си заминаја горе долу поради тоа, се намачил некој напишал долг пост, се објаснал, и некој паметњакович го цитира со некоја шега и автоматски добива повеќе лајкови од него. Не вреди. :)
А бе ок, затоа и реков дека до некаде држи вода тоа што STEALTH го кажува, ама сакам да кажам и порано ги имаше ова. Милион пати сум добила зеленко со муабетот “ај врати ми зелено“.
Али и твоето држи вода, не реков никаде ништо што противречи на ова што ти го пиша. Некој пишал пост од 34343 реда и некој ќе му реплицира со некој gif и ајдеееее... Мене поише ми пречи што наместо зборови се почесто се ставаат слики и мемиња, ко да не може човек да реплицира и да ги користи зборовите.
 
Крејзи не се согласувам. Системот со репутација функционираше сто пати подобро од ова, пошо ако добро паметам имаше ограничен број на зеленки кои можеше да се дадат во текот на еден ден. Се пишуваа и подбри постови, имаше и поквалитетни дискусии. Сега веднаш штом се отвори нова тема се наоѓа некое тролче со некоја смешна досетка па ајде сите лајк. Пожустро беше тогаш, башка ако не ти се свиѓа мислењето - црвенко, барем се знаеше ако ништо друго каква репутација има членот. Сега гледам кај некои начукале 1000 лајкови а отварам мислења се по една реченица, досетки некои. Пошо искрено форумов станува досаден баш од вакви причини, се ми се чини дека се пишуваат постови само за лајк+, а не за да се развие дискусија. Нека ти текне само колку квалитетни членови си заминаја горе долу поради тоа, се намачил некој напишал долг пост, се објаснал, и некој паметњакович го цитира со некоја шега и автоматски добива повеќе лајкови од него. Не вреди. :)

Квалитетот на дискусиите варира. Копај ги темите уназад ќе видиш колку ѓубре има. Кои се тие квалитетни теми?
Овие?
http://forum.kajgana.com/threads/Кочии-од-дрво-или-златни.15036/
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-минувањето-на-времето-е-движење.4281/
I fail to see the ingenuity.
Квалитетни дискусии се ретки, биле ретки и ќе бидат ретки. Тролови имало, има и ќе има само што до пред некоја година никој не беше свесен дека поимот е веќе coined па на овие простори беше општопознат како "ремет". Твојов пост е оноа oldfag понашање кај што членови што се тука пред 2008 упорно масираат со reminiscing постови во теми ко оваа. Не ми е целта да ги серам старите членови ниту да ги бранам новите in other words сеедно ми е, само да ти потенцирам дека времето не праи никаква разлика на вакви места. Доаѓаат идиоти и си идат идиоти. Доаѓаат учени и си идат учени. И првите секад ги има повеќе од вторите.
 
Комплетно изгубив почит за многу луѓе одовде. Лајкови, атенш хорс, вие комплетно сте изгубиле осет за реалноста. Најтрагичното е што немате смисла за хумор и што најстарите членови се однесуваат како мали деца.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom