Life

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Поранешен полицаец невино осуден на 12 години затвор е ослободен благодарение на нова ДНК технологија која што го ослободува од вината: Се спогодува за паричен надомест од 50 милиони евра и враќање во полиција но овој пат како детектив.
Некако многу подценета серија дури не ни најдов тема за нејзе тука а се потрудив во подфорумов се откажав после десет страни. Чарли Круз има преживеано пекол во тој затвор и како во него така и надвор користи некои заебани источни филозофии, тоа е сржтта што го оставила здраворазумен после толку години поминати во затвор за злостор кој што не го сторил. Инаку е прикажан како блесав тип со чудни манири вози скапи коли има женски мнооогу тоа со парите идат, но никако да го заборави минатото и да живее во моментот. Супер серија јас ја гледам.
 
Ја даваа на Телма. Заврши.
Нешто како Хаус детектив.
Не ме воодушеви.
 
Ја изгледав едно три четири пати и (очигледно) ми се свиѓа, мада не се потребни некои си зен гледања на светот за да се реши некој криминален случај...
Да не го тупам: серијава вреди да се изгледа барем еднаш.
 
Не е лоша, напротив. Ја загледав чат пат и на Телма и на Фокс крајм. Чарли Круз е оригинално направен, не е по мерка на Гибс, Хорацио туку послободен.
 
Ја даваа на Телма. Заврши.
Нешто како Хаус детектив.
Не ме воодушеви.

Споредбата со Хаус ти е убиствена :icon_lol:. Нема врска Хаус ти е цинично копиле со Фројдовска филозофија, Чарли Круз е просветлен човек кој што навистина се грижи нема споредба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom