Истражувањата покажуваат дека по својата структура, основната конфигурација на човечкиот фетус е женска. Како последица на тоа мажите имаат некои излишни појави, како што се грепките на градите. Мажите имаат и млечни жлезди, што не функционираат, но кои го задржале потенцијалот да произведуваат млеко. Има илјадници евидентирани случаи на лактација кај воените заробеници во време на војна, кога големиот недостиг на храна и стресот го нарушувале правилното функционирање на црниот дроб кој заради тоа повеќе не можел да ги разложува хормоните кои се потребни само кај доилките.
Како што знаеме, меѓу шестата и осмата недела од зачнувањето, машкиот фетус (ХУ) добива добива солидна доза машки хормони, наречени андрогени, кои ги оформуваат тестисите, а потоа уште една доза која го престројува неговиот мозок од женска во машка конфигурација. Ако машкиот фетус не ги добие потребните количества машки полови хормони во времето што е определено за тоа, може да се случи една од следните две работи:
може да се роди машко бебе чија мозочна структура ќе биде значително женска, или, со други зборови, момче кое во текот на пубертетот ќе се развие во хомосексуалец;
може да се роди генетски машко бебе, со целосно оформени машки органи, но со целосно женско уредување на мозокот. Тоа дете ќе се развие во транссексуалец, односно ќе се идентификува како женско, и покрај машките полови органи.
Понекогаш генетскиот маж се раѓа истовремено со комплет машки и женски полови органи. Во својот труд Мозочниот пол, специјалистката за генетика Ен Мојр документирала огромен број на случаи на генетски момчиња кои при раѓањето личеле на девојчиња, и затоа биле одгледувани како девојчиња, а потоа одеднаш станало јасно дека имаат пенис и тестиси, кои “неочекувано се појавиле“ за време на пубертетот.
Слична генетска појава била забележана и во Доминиканската Република, а проучувањето меѓу родителите на тие мали “девојчиња“ покажува дека биле одгледуѕвани како девојчиња според стереотипните модели и барања на женско однесување, како што се женска облека и играње со кукли. Многумина од родителите на тие деца доживеале вистински шок кога се покажало дека наместо ќерка имаат син, зошто во пубертетот, под влијание на зголемените дози машки хормони кои се лачат, бидејќи организмот е машки (ХУ), тие ја превземаат надмоќноста над организмот и “девојчето“ одеднаш почнува да личи на машко, добива машки полов орган и типично машко однесување. Таа промена настанала независно од начинот на одгледување и воспитување на детето, независно од средината и социјалниот притисок за женско однесување.
Фактот дека најголемиот дел од тие “девојчиња“ своите животи успешно ги живееле како мажи, го истакнува уште еднаш мислењето за ограниченото влијание на општествената средина и воспитувањето врз животот на таквите деца како возрасни. Очигледно, нивниот биолошки развој е клучниот фактор за установување на нивниот начин на однесување.