Зато пишав, газоза менталитет сме. Со такви иницијативи се гледа вистинското лице на партијата. Иако и едните и другите се препукуваат меѓу себе за кој повеќе крадел, никој не повлекува линија. Нова власт, стара приказна, истото во круг 20 години. Ама еве, еднаш пробаа да манипулираат со студентите, ако и сега навистина се стави на сила Законот за специјални картички за Студентски оброк, јас лично ќе бидам меѓу првите организатори на протестите додека не се ограничат -Патните трошоци со исти/ слични членови од Законот за Субвенциониран оброк што ќе стапи на сила од март 2023 или додека не се кутни прокетава Власт моментално. Не сотреја. Крајно време е за политизација на младите, од старите нема што да очекуваме, посебно не пресушување на изворот што завршува кај нив, во муабетов патните трошоци.
Може ли да се знае што те квалификува да даваш епитети како “газоза“ и слично?
Ако немаш... тогаш пишувај за твојот “газоза менталитет“, а народот остави го, доволни му се кпуциве на власт и опозиција.
...со заспан народ како нашиов...
Сметаш дека народот има причина да биде буден?
Со вакви демонкратски елити единствено што му преостанува на народот е да 'спие' и чека подобри времиња.
П.С.
...често глеам дека се имат превисоки очекувања од демонкратијава (резултат да долготрајна манипулација). Како прво политиката е пре-сериозна работа за да му се препушти на народот да ја води или носи одлуки или одлучува за нешта, демонкратијата е илузија под која се продава капитализмот како совршен систем....
И пред 20-30 години и денес го мислам истото, на Македонија и е неопходен институт за геостратешки истражувања (како што е познато постои национална политика-таа се спроведува внтаре во државата, постои надворешна политика таа е за 'по надвор' (се разбира ако имаш Кале нема потреба од сето тоа, тие се грижат за се!), но постои и глобална политика, копуциве на власт и опозиција и не знаат дека постои и дека некој ја води...) , кој би бил сервис на неукиве политичари.
Левица има дефицит од такви, водење на држава опфаќа многу покомплексни и повеќедимензионални сфери, од национални, политички, економски и... не е доволно само познавање на римското право, иако е пожелно, потребно и познавање на 'Волја за моќ' обавезно четиво за секој кој претендира да се активно занимава со политика.
(...ова не се однесува и не е адресирано кон никого особено, туку е само мое видување....)