Тоа што го пишал е копирано од изборната програма на Левица 2016 година
еве линк на 8ма страна напишано

1. Конфискација на нелегално стекнат имот на политичари и олигарси не гледам зошто би бил против, нормално ако во истрага се докажат овие работи
2. Забрана за приватизација на јавни претпријатија исто така не е ништо контраверзно напротив секој нормален човек би бил за тоа
3. Ограничување на концесионерство на природни богаства и јавни добра исто така
4 и 6 не гледам ништо спорно..
5. Привилегиите на странските инвеститори кои ги имаа првите 2-3 години во време на Дпмне колку што знам веќе Сдсм ги укина, па ете ги пак идат
7. Треба да е приоритет перењето на пари и криминални финансиски малверзации како Фени што извлекоа околу 50 милиона евра
8. Ова со овшор ќе биде доста комплицирано, ама може да се забрани инвестиции од овшор земји што не знам колку е паметно за земја во развој
9. Давање на можност за плаќање на рати за социјално загрозени фамилии е исто добар предлог (иако го има и сега)
10. Класично отпишување на долгови не се согласувам освен во исклучителни ситуации, ама отпис на камати вреди да се размисли
11 и 12 се добри
Е сега рачунајте дека од 2016 до сега Левица е променета, исчистена делумно од тие крајно левичарски фантазери а приближена кон обичниот народ така да со секоја нова програма очекувам да бидат пореални и не толку „радикални“ ако сакаат да имаат иднина во државата. Плус ние во моментов правиме муабет како Левица да ќе биде на наредни избори главна партија со најголем број на мандати и ќе диктира политика, а не партија со 10-15 пратеници