Непопуларен пост, ама нема ни прв ни последен да ми биде.
Случајно, најверојатно затоа што ни се поклопуваат местата на гравитирање, најмногу членови и симпатизери знам од оваа партија.
Јас ја викам сдсм за сиромашни затоа што и буквално и метафорично тоа и е. Од сдсм ја имаат преземено ароганцијата на "Ние сме интелектуалци вие сте сељаци" и сите оние бандиери роси, бела чао паламудења, ама не и паричните придобивки.
Надменоста, ароганцијата и напуваноста комотно може да се мери со таа на докторите и ајташите.
Друга работа, апсолутно немаат допир со реалноста, накљукани се идеолошки, појма немаат како функсионира реал политика и практичниот свет и се beyond ретардирани на тема економија, дипломатија и надворешна политика. Пример знам еден, а стварно добар и ок човек е вака општо, ама вика дека Сталин е најдобриот човек и политичар што некогаш живеел, дека се што сега лошо знаеме за него е од западната пропаганда и дека и за него и општо за тековната политика во светот треба да се читаат кинески и руски медиуми. Да не спомнувам објава на видеа што западните медиуми не сакале да ги пренесат, од како "стварно" се живеело во Северна Кореа или слики со средби на Апасиев со членови на комунистичката партија на Кина и негов коментар во стилот дека "Нема таму трте мрте само избрани смеат да влезат и тоа уште од мали" и тоа не го кажува како критика туку како пример како треба да биде. Доста од нив се теоретски образовани со некои си титули доволно за да можат да мелат празна слама, а да ги оставиш со 10 денари во џеб во Неготино нема да знаат до Скопје да си дојдат.
Се на се, добро е да ги има со 7-8 пратеници да прават гужва и циркус, да им го спуштаат на другите партии и шиптaрите и да галамат за теми за кои сите (големиве партии) сакаат да ги пикнат под тепих, ама треба два грама мозок да немаш ако мислиш дека добро би било да дојдат на власт, впрочем како што емпириски се докажало од секоја комуњара секаде низ светот. Толку се навлезени во тој идеолошки матрикс и меур обграден со "јас сум магистер ти си прост" што нема никаков пристап и можност за таа нивна тупост и шизофренија да се излечи. Во никој случај не се далеку од терминот "секта".
Според ова што си го напишал изгледа некоја тутурутка од Лефица добро те начепил и сега не можеш нему удри по партија.
Биле од сдсСС, ама не не интересира што повеќето се поранешнии членови на ДПсНЕ или тоа што денес токму тоа ДПсНЕ е мост повторно сдсСС да бидат на власт (со некакво си Знам) не овие биле од сдсс

јбт какви глупости човек ќе прочита овде е за неверување, да не бев член на форумов немаше да имам таква можност...
Човекот говорел добри работи за Сталин и затоа тој човек не е “добро воспитан“, за Сталин треба да се говори само лошо а за вистината и фактите кој ги ебе.
Не знаеле надворешна политика а овие и претходните знаат ,могу добро надворешна политика, затоа на пример не знаат дека во едно време имало Бледски договор и уште многу ама овие кои кој знае што се по професија не завршиле курсеви во Аденауер и другите воспитни центри овие немаат врска со надворешна политика.
Затоа што надворешната политика ако не е на единствениот пат таа не е надворешна политика
Не знаеле економија, а знаат ли монетарно-кредитна и фискална политика?
Знаат ли што е инфлација, стагфлација дефлација ??? што си по струка економист што се тие по струка економисти за да донесеш суд дека се труба за економија????
Знаат ли како да штимат тендери?
Не грижи се може брзо учат па ќе научат.
Види мајката говореле за Северна Кореа и Кина па уште и убави работи, па дека се што гледаме на медиумиве за Кореа е од демократски кујни, не било точно ами што е точно?
Како тоа Ким ги јадеше неговите блиски, а подоцна истите шетаа слободно воскреснаа ли што се случи?
Вид вака момче никој не те тера со сила да даваш глас на Лефица ама ти момче тераш НЕГАТИВНА пропаганда кон Лефица и тоа само врз основа на познавање на неколку забегани ликови кои биле вакви и такви кон тебе (свои лични фрустрации не лечи на форум, биле тупи глупи па уште и шизофреничари па ти самиот за себе напиша многу работи само некој што чита треба добро да ги знае работите и да направи профил за тебе...), тебе не те интересира нивната идеологија и политичка програма, тебе те интересира истите да бидат маргинализирани и ако може никогаш да не дојдат на власт.
Но тука има мал проблем ти немаш можност да креираш јавно мислење значи немаш никакво влијание а ако на тие што излегуваат на избори им е доста од такви како тебе многу добро ќе знаат што и кому да го дадат својот глас и доверба.