Многу е тажна политичката ситуација во Македонија.Секој има право на свое мислење и избор. Затоа тој процес и се нарекува избори. А го имаш и Палчо и неговата Десна, под услов да не се распаднат во меѓувреме.![]()
Мое мислење, тоа е така затоа што во Македонија остана културата на табуизирање на политички ангажман, во смисла, "не е политика за секој, има таму луѓе шо треба да се занимаваат со то нема шо ти тука да се занимаваш".
Друго, системот прави да е тешко и за индивидуа да влезе во политика.
Трето, кога гласаме на избори, ние обично гласаме за емблеми а не за конкретни луѓе со име и презиме, и така уствари се нема одговорност на индивидуален политички претставник, го немаме тој концепт кај нашиот политички систем.
Па така, едно решение што гледам е да протуркаме луѓе во политика кои сакаме да нѐ претставуваат.
Еве, познаваш некоја индивидуа(небитно колку е позната и популарна) која сметаш дека е паметен избор за политички претставник?