На моменталнава политичка сцена во МК нема еден политичар што има поголема вредност од Апасиев. Пред да се замине од вукојебинава Апасиев заслужува шанса. Кој све не стана политичар , директор, министер , премиер зошто да не Апасиев, доколку по утрото се познава денот би бил за неколку класи подобар во секое поле од моменталниве и бившите...
На моменталнава политичка сцена во МК нема еден политичар што има поголема вредност од Апасиев. Пред да се замине од вукојебинава Апасиев заслужува шанса. Кој све не стана политичар , директор, министер , премиер зошто да не Апасиев, доколку по утрото се познава денот би бил за неколку класи подобар во секое поле од моменталниве и бившите...
Прво да преживееме кризата со пандемијата.
Напролет Левица на локалните да им собере советници, па евентуално доколку пандемијата не се шири би издејствувала и предвремени избори.
Како што кажа и другарот Крмов евентуално Левица би излегла на улица за време на пандемија доколку владава продолжи со приватизацијата. Таа мора да се запре.
Денешново време во кое живееме се карактеризира со нестабилност, кризи, голема невработеност и растечка социјална беда и несигурност. Ветувањата од транзицијата за подобар живот се покажаа лажни, па дури и проповедниците на приватизацијата од тоа време повеќе не веруваат во добробитта на овој политички систем со капиталистичко стопанство, иако упорно ги повторуваат истите излитени мантри во обид да го одбранат пред налетот на едно друго време – време на коренити и сеопфатни промени во општеството кон какви што стреми Левица. Веќе три децении општественото ткиво на државата е во континуирано гниење. На периферијата на капитализмот, Македонија соочена со предизвиците на глобализацијата во широки рајски прегратки примајќи го странскиот капитал во облик на „странски“ инвестиции, животот на работниците и нивните блиски го направи пекол!
Приватизацијата на стратешките ресурси, фаворизирањето на странските директни инвестиции во „оазата на евтината работна рака“, континуираното законско кратење и кршењето на работничките права, беа инструментите кои доведоа до општа економска беда каде ни се заканува социјална имплозија. Досегашната пракса на политичко организирање во Македонија јасно ни кажува дека сите партии се во служба на владејачкото малцинство (политичко и економско). Веднаш штом се дограбат до власта и институциите, тие магично забораваат на сите претходно напразно искажани ветувања и флоскули и во никој случај не се осмелуваат да ја прегризаат раката која ги храни – раката на крупниот капитал.
Во овој период, од осамостојувањето до денес, во т.н. процес на транзиција се случи криминална приватизација на општествениот капитал. Во овој процес на грабање на народниот имот од страна на политичките елити се изродија новопечените газди кои фабриките, одземени од народот, ги продадоа, расцепкаа, пропаднаа, банкротираа или ги намалија нивните капацитети, оставајќи многу работници без работа и без имот. Ваквата лоша приватизација предизвика низа негативни последици по многу стопански субјекти а преку тоа и девалвација во сите свери на општественото живеење.
Најголема штета на државата се направи со приватизацијата или распродажбата на делови од стопанскиот систем кои се од витално значење за стабилноста, просперитетот и силата на секоја држава. Како еклатантен пример за неосновано и непотребно криминално приватизирање и распродажба може да се посочат најпрофитабилните стопанските субјекти кои беа „кокошки што несеа златни јајца“, а кои вештачки беа прогласени за загубари, за потоа сите овие стопански субјекти да продолжат да функционираат и остваруваат огромни профити во кои државата нема никаков удел. Трагедијата да биде уште поголема, овие производствени капацитети беа распродадени на странски компании кои профитот го изнесуваа надвор од Македонија.
Ревитализацијата на државата во ваква незавидна состојба бара длабоки реформи, како во политичкото уредување, така и во сопственичката структура на определени стопански гранки и субјекти, со што ќе зајакнува улогата на државата во креирањето на развојните политики и распределбата на профитот, се во интерес на грѓаните и непосредните создавачи на вредноста – работниците и работничката класа.
Левица, како партија, во средиштето на својот интерес го има Човекот и неговите потреби, со доминантен акцент на работниците и земјоделците, како создавачи на севкупниот развој. Поради тоталниот распад на сите вредносни норми и несоздавање нови, партијата Левица се залага за изградба на општествено и државно уредување кое се темели на вредности со кои граѓаните, работниците и земјоделците, преку државата, ќе бидат креатори на сестраниот развој, економскиот просперитет и безбедноста, со воспоставување и градење на вредности втемелени на човечност, социјална правда, еднаквост, правдољубивост, лична слобода, чесност, искреност и трудољубивост. Сите овие делувања се со цел да се изгради држава каде централното место ќе го има човекот, како креатор и реализатор на општествениот развој, за подобрување на неговата општествена положба.
Главната и долгорочна цел на Левица е надминување на сегашниот неправеден социоекономски систем – капитализам и воспоставување социјализам како праведен, хуман, демократски, еманципаторен и еколошки одговорен систем, каде потребите на човекот се пред сè останато. Врз база на застапување на класниот интерес на работниците и со цел на нивно единство во заедничката борба, Левица остро се спротивставува на сите контра-политички поделби на работниците! Во оваа насока, Левица јасно и недвосмислено се поставува како надетничка партија која ги обединува припадниците на сите етникуми кои живеат во Република Македонија, во заедничката борба за општа еманципација.
Веруваме дека борбата за човечка еманципација не може да се затвори во границите на една држава. Затоа, наши природни сојузници се сите работници, обесправени, непривилегирани насекаде низ светот. Оттука, интернационализмот и анти-империјализмот се основна вредност на нашата Партија! Левица е партија на обичниот човек, на безгласното мнозинство, на потиснатите изблици на незадоволство од сегашните состојби. Левица е наша заедничка партија – Партија на трудот!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.