Летна работа за средношколец?

  • Креатор на темата Креатор на темата RoadRunner
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа викам,просечно е 500 он за 300..ама ако знае и убаво ке има клиенти :)

Кај мене во Охрид најефтино е во Јонгис, 300 денари е мислам, ќе треба бесплатно да ги форматирам за да имам клиенти :D
 
Ако имаш нешто баба дедо или некој кај шо можеш цело лето да останеш во Охрид то ке ти е супер. Имаш секаква работа од сладоледи продавање, лежалки и чадори кревање до скараџија во некоја лесковачка да креваш столови маси по некој кафич па дури и ако си малку постар може да се вработиш како рецепционер во некое мало хотелче пример од 2 по полноќ до 7 сабајле колку само да има некој да не е празно хотелчето, случајно да не налета некој.
 
Од Скопје сум. Да бев од Охрид лесна работа.. Само барав примери и некои совети :) Може истовар-растовар, добро би ми дошла малку физичка работа. Имам и добар пријател имаат градежна фирма, неколку негови познаници помагаа на градилиште, и земаа добри 7-8000.. ќе видам и таму.
 
Мек Доналдс? Мислам дека бараат сеа за работа луѓе :)
 
дај,нека пише некој што се разбира во закони,дали смееме да работиме или не...и каде што-како...

Смееш да работиш,и да не смееш има работа на црно не е тоа проблем.Проблем е кој ќе те вработи на 16 години.По огласи и такви работи не барај се бараат само државна администрација и струки.

Најдобро ти е преку роднини или пријатели некаде да се вработиш ако е за неколку месеци.
 
да да...знаев...ама пошто некој поназад пиша предлог,за обезбедување ако си крупен,по тоа се запалив...
 
не другар, мислам дека обезбедувањето е веќе доста озбилна работа :) мене најмногу би ми одговарало келнер некаде и доволно ми е само еден месец . Да помине уште некое време, и ќе поминам ќе се распрашам , па ако има нешто и да се договорам. :cuc:
 
да да...знаев...ама пошто некој поназад пиша предлог,за обезбедување ако си крупен,по тоа се запалив...

Не се летајте одма....Еве и јас планирам обезбедување .. сега завршувам средно..... Значи мора лиценца да имаш,која се плаќа 300 евра и се полага 2 недели.... обука за пиштол,боречка вештина и слично.... Со лиценцата работа послем можеш да најдеш одма,има многу фирми кои бараат работници... просечна плата е од 10 000 до 12 000 денари..
 
Just the question,that's all..
 
Многу лоша идеја е со обезбедување да почнеш да се занимаваш толку рано.Подобро пробај нешто друго учи за некоја струка на технолошки или машински (заварувачи се бараат многу денес и такви професии ) или барем пробај да влезеш во војска.

Ако почнеш на 19 со обезбедување рачунај на 60 уште ќе мрзнеш по складишта втора смена.Тоа е ако те вработи некој на 60 затоа што ќе има 100 деца на 19 што сакаат да бидат обезбедување.
 
Сите обезбедуење, лежи лебу да те јадам..Јас лани летото работев градежно, се изнамачив ама пара имаше, се зависи кај кој ќе работиш. Лани работев кај мене во град, годинава преговарам да патувам во Скопје кај вас да работам, солидна дневница има за наши години. И не се ветрејте, за 300ки дневница 8-10 саати не ви се исплаќа денот да го губите. Риби на суво не се фаќаат, запотете го газето малце.
 
А ти по колку зимаше,и каде работеше,и што работеше ?
 
Ја дрва товарав,во Велес во еден склад даваа по 800-900 денари од ден,ама тешко е,се трга од 3 саатот сабајле,се прибираш у 3 дење,значи по најголемата жештина работиш,и дрвата се сурови (водени) се на се ако немаш ребро за работа не оди поарно,можеш да се искилавиш,да си направиш проблем,иначе твои години сум.Тоа работев ја преку лето.Мој совет,од дрво и од песок бегај,ама тоа е,ја и годинава ќе одам,навикнат сум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom