Тука некаде е кажаното од Princ (ако не си 16-22 год.), но пожелно е секој од нас да си чува по една. :wink:
Велат чустството на висина од 30км е како да лебдиш, како да не се движиш, иако авионот шиба 800км на саат. За некои тоа е појако од оргазам.
И со MiG-29 е супер да се качиш таму некаде, имавме дискусија за ова со concrete ме мрзи да ја барам сега. Порано можеше во Русија да ти го направат ќефот за ич пари, но сепак лет со U-2 e посебнo искуство. 3а таму горе е правен. Замисли се десетина саати на работ на вселената ... а го гледам пилотон на видеото како буквално “срка’’ супа и уво не го боли.
Туку интересното е како слетува, мора да го бркаат со кола позади и да му кажуваат да не утне бидејќи: (1) пилотот не може да види добро заради скафандерот; (2) гумите се толку мали, како за точак. Треба да си ЕПТЕН добар пилот да го слеташ U-2.
Уште поинтересно, на полетување крилата одат горе доле буквално како да е птица. Исто така на полетување, погледнете внимателно, има две многу тенки ги викаат “стапчиња’’ со по една многу мала гума. Тие стапчиња отпаѓаат откако ќе полета...