Lepten - против мозолчина!

  • Креатор на темата Креатор на темата Boom Boom Ciao
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
750
Lepten - против мозолчиња!

Само што си порачав колекција од Лептен за мозолчиња, пошто имам пробано разни лосиони од аптекине (и не ми помогнале), и си велам ова ќе ми помогне. Има некој користено Лептен, па да сподели искуство ?
 
Процедурално:

Од Битола си брат?...МозолчиЊа не се мозолчиНа...
 
Абе, знаете дека веќе еднаш сме [URL="http://forum.kajgana.com/showthread.php?9212"]дискутирале [/URL]за ова во 2006? Не ми се верува дека сеуште се лажат луѓе...

Пренесено од femina.mk:

ЛЕПТЕН = ИЗМАМА!

Се извинувам, но морам вака со големи букви да го напишам. Лептен се „произведува“ во стан во Софија и претставува евтин грозен крем. Всушност не го прават сами, туку го купуваат најевтиниот крем кој може да се најде некаде и го обојуваат зелено. Чини 20-30 денари да се „произведе“ колекцијата, а ја продаваат прескапо. Сите „доктори“ кои се појавуваат во нивните реклами не се никакви доктори, туку обични актери и се претставени со лажни имиња. Девојката со мозолки во рекламите е Бугарка која немала проблеми со лицето никогаш во животот, туку ја нашминкале со црвени точки.

Еве како се снима една од нивните реклами во „ординација“ на „дерматолог“:
17627
lepten_5.jpg (18.58 KiB) Разгледано 120 пати


И се разбира, колекцијата нема ниту „А“ од австриска.

Со сето ова кршат еден куп закони и заработуваат уште поголем куп пари. Забележав дека се рекламираат на Фејсбук... Сигурно многу луѓе што имаат проблеми се лажат да го купат ѓубрето. Не ми е јасно само како одговорните институции не си ја вршат работата. Инаку, колку што ми е познато, г*мново се продава само во Македонија и Бугарија.

Меѓу другото, толку многу сум револтирана затоа што моја блиска личност пред доста години одлучи да оддели пари за Лептен, и лицето не само што не и се подобри, туку за два дена и се нафрли со огромни грозни мозолки какви што немала никогаш во животот.

Еве и линк со повеќе информации за бугарската измама наречена Лептен:
http://www.razkritia.com/32193/разкрихме-измамата-на-„лептен”/
Погледнете ги само рекламиве... Зар некој верува во ова? :(
http://www.lepten-mk.com/index.html

Пази ги цениве само...

--- надополнето ---

:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Ај бе не заебавајте.
Мајка ми знам користеше вакво уште одамна коа за прв пут се појави и сега дали од ова или од нешто друго, женава си беше задоволна.
 
Ај бе не заебавајте.
Мајка ми знам користеше вакво уште одамна коа за прв пут се појави и сега дали од ова или од нешто друго, женава си беше задоволна.

Fail must run in the family. Да не одговарате и на спам пораките што ги добивате на мејл секој ден? Или, да не се јавувате на телефонот од туристичката агенција која ви пратила писмо дека сте освоиле бесплатно патување во Бали? Ти сериозно веруваш во ова? Што и да се случило со мајка ти, ова сигурно не помогнало.
 
Како тоа Лептен го пробале 9 милиони европјани а кога ќе пишам лептен на гугл ми дава линкови од бразилска фирма за соларна енергија? :pos2:
 
Fail must run in the family. Да не одговарате и на спам пораките што ги добивате на мејл секој ден? Или, да не се јавувате на телефонот од туристичката агенција која ви пратила писмо дека сте освоиле бесплатно патување во Бали? Ти сериозно веруваш во ова? Што и да се случило со мајка ти, ова сигурно не помогнало.

Не бе, не беше порачано ова од интернет или слично :) Знам дека колешка од мајка ми беше нешо као дистрибутер, па од неа си нарачуваше. И не беа цениве од погоре ни приближни на тоа што мајка ми го плаќаше. Знам дека тоа што одеднаш стана поскапа колекцијава мајка ми престана да го користи.
А мене ако ме прашуваш, ја не верувам у никакви колекции против акни, мозолчиња и слично :)
 
Здраво, женскииии. (поглед над наочара, со лактот потпрен на вратата од кабриолетот)


Лептен во Македонија беа познати само по лошите воедно и синхронизирани реклами.
 
Fail must run in the family. Да не одговарате и на спам пораките што ги добивате на мејл секој ден? Или, да не се јавувате на телефонот од туристичката агенција која ви пратила писмо дека сте освоиле бесплатно патување во Бали? Ти сериозно веруваш во ова? Што и да се случило со мајка ти, ова сигурно не помогнало.
Ауф favourite one :vozbud:
Иначе он топик...почни диета, не јади мрсна храна, намали благо и редовна хигиена на лицето (само миј го со вода неколку пати дневно) и ноу проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom