ЛЕПТЕН = ИЗМАМА!
Се извинувам, но морам вака со големи букви да го напишам. Лептен се „произведува“ во стан во Софија и претставува евтин грозен крем. Всушност не го прават сами, туку го купуваат најевтиниот крем кој може да се најде некаде и го обојуваат зелено. Чини 20-30 денари да се „произведе“ колекцијата, а ја продаваат прескапо. Сите „доктори“ кои се појавуваат во нивните реклами не се никакви доктори, туку обични актери и се претставени со лажни имиња. Девојката со мозолки во рекламите е Бугарка која немала проблеми со лицето никогаш во животот, туку ја нашминкале со црвени точки.
Еве како се снима една од нивните реклами во „ординација“ на „дерматолог“:
lepten_5.jpg (18.58 KiB) Разгледано 120 пати
И се разбира, колекцијата нема ниту „А“ од австриска.
Со сето ова кршат еден куп закони и заработуваат уште поголем куп пари. Забележав дека се рекламираат на Фејсбук... Сигурно многу луѓе што имаат проблеми се лажат да го купат ѓубрето. Не ми е јасно само како одговорните институции не си ја вршат работата. Инаку, колку што ми е познато, г*мново се продава само во Македонија и Бугарија.
Меѓу другото, толку многу сум револтирана затоа што моја блиска личност пред доста години одлучи да оддели пари за Лептен, и лицето не само што не и се подобри, туку за два дена и се нафрли со огромни грозни мозолки какви што немала никогаш во животот.
Еве и линк со повеќе информации за
бугарската измама наречена Лептен:
http://www.razkritia.com/32193/разкрихме-измамата-на-„лептен”/