"Lepa dobrodoslica" za makedonski turisti vo Srbija

  • Креатор на темата Креатор на темата Dijana88
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2018
Мислења
1
Поени од реакции
1
Слyчкава се деси пред неколку саати на Калемегдан во Белград. Беше нападнато девојче од Македонија од обезбедувањето на калемегдан. Не ја нападнаа физички али и пријдоа и ја вреѓаа и се закануваа. Девојчето нека беше некои 16-17 години, а тие возрасни мажи од по 50тина години. Имено, девојчето си седеше на калемегдан кога и дојдоа двајцата од обезбедувањето и и рекоа да се тргне од таму одма поради тоа што не смее таму да паркира скутерот. Она им кажа дека скутерот е расипан, нејке да пали и дека чека другар да го земе од таму бидејќи не е она од Србија и да и помогне. Притоа им рече дека незнаела дека е забрането и ги замоли да остане додека дојде другарот, на што они почнаа да ја навредуваат, да и се приближува едниот од нив и да и се заканува дека ке и го бутне скутерот на земја ако не го тргне одма. На крајот и рекоа дека ќе и викнат полиција на што она кажа "викни". Ние неколку им отидовме и смирија страстите, а ваму на малолетно девојче се правеа јаки. Неможев да останам да видам што бидна кога дојде полицијата бидејќи брзав и ме чекаа. Јас сум шокирана од ова што го видов и што доживеа наше девојче во Србија. Нели братски онака. Бидејќи само се пишува на интернет секакви случки, јас решив да ја споделам оваа, многу сум изреволтирана. За што оставаме наши пари бе??
 
Срамота...
И Србите почнаа да не мразат...
Отидени сме до небест. Едонставно нема што да кажам.
Е,Руси или Грци да беа ондак друго ќе беше.
Ај,да не мешаме баби и жаби,тоа што обезбедувањето го направило кон тоа девојче е лоша постапка. Можеле барем да и помогнат да го подместат скутерот до одредено место каде што би можело да стои.

Иначе гледам нова си на форумот,па добредојде.
Можеш да се претставиш на форумот,а ако ти треба помош околу ствари со форумот,слободно имаш тема за тоа,или на крај краишта можеш и мене да ме прашаш.
Форумот секогаш гледај го како неутрално поле каде што можеш слободно да се искажеш за што ти душа сака без некој да ти замерува.
И секако,ако си со темиве по политика не ни прави у опште,пошто никој не смее (Освен модератори да прават и да пишуваат во нив).
 
Не е ни до Србија, ни до Србите. Едноставно 90% од тие што работат како обезбедување се говеда без грам памет. Истиве работи се случуваат и во Македонија.
 
Не е ни до Србија, ни до Србите. Едноставно 90% од тие што работат како обезбедување се говеда без грам памет. Истиве работи се случуваат и во Македонија.

Demek e shok so istite raboti se slucuvale i tuka, kako eve duri i vo Makedonija e taka, zemjata za primer. :D
 
Македонците не се ништо поарни од нив. А за двајца будали (најверојатно гласачи на Вучиќ) да имам мислење дека не мразат како народ, не!
 
Не разбрав каква врска има тоа што девојчето е од Македонија? Навистина, некој да ми објасни?

За останатото напишано и опишано, реално секаде може да се очекува.
 
Пред неколку години имаше крвави тепачки со мртви срби во Охрид, па и еден наш момак нели беше убиен од нив....не знам, у споредба со "инцидентов" сме требале војна да си објавиме. Ај не препичавајте....видете колку срби си доаѓаат кај роднини и пријатели во текот на годината и колку ние одиме кај нив и кој е процентот на вакви случки.
А самиот податок "скутер на Калемегдан", кој е пешачка зона кажува отприлика кој бил кој у ситуацијава, ама ај да не коментирам без доволно сознанија...
 
1. Не гледам туку никакво дејствие на обезбедувањето на национална основа односно дека се работи за македонка.
2.Калемегдан е пешачка зона и забрането за моторцикли. Обезбедувањето само си ја врши работата. По закон треба и казна да се плати за ваков прекршок.
3.Не гледам јас тука лош однос кон туристи.
4. Ужасно голем дел од “граѓаните“ и форумџииве се прости, ограничени, заостанати лица. Ова што Вие го пишувате овде на ваква глупост е чист говор на омраза.
 

Kajgana Shop

Back
На врв