Legends of Runeterra

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Нова игра со карти, базирана на League of Legends. Деновиве пуштија бета, па успеав да добијам пристап и да ја пробам и можам да кажам дека првите впечатоци се доста позитивни. Играта е некој микс од Хартстоун, Меџик, Артифакт, ама сето тоа го вклопува ептен добро. Ме зарази последниве денови баш како и Хартстоун, кога почнав да ја играм. Верувам дека има потенцијал да биде успешна кога и официјално ќе излезе.

Основата е прилично едноставна. Има три типа на карти, champions, followers, spells. Шампионите се од ЛоЛ, поделени на шест региони и со нив има миниони и магии кои имаат добра синергија. Секој шампион може да левелира и да добие подобри ефекти доколку е исполнет потребниот услов. Еден шпил има 40 карти и не може да се користат карти од регион од кој немаш шампион во декот. Двајцата играчи почнуваат со 20 живот и партијата се игра во рунди. Секоја рунда едниот играч е напаѓач, а другиот се брани и цело време имаш можност да реагираш на потегот на противникот, односно откако ќе изиграш една карта, противникот има право да реагира, па потоа повторно можеш да изиграш друга карта. Рундата завршува откако двајцата ќе го поминете својот потег без никаква акција.
Интересно е што доколку не ја потрошиш целата достапна мана, до три се префрла во следната рунда како spell mana која како што претпоставувате може да се искористи за играње магии. Па така ако на пример во трета рунда не изиграте ништо, во следната рунда ќе можете да изиграте магија од 7 мана, минион од 3 и магија од 4, или било која друга возможна комбинација.

Друг важен елемент во играта е што нема купување пакетчиња и отварање рандом карти. Со секоја изиграна партија се добива experience, како и со секој квест. Колку повеќе собирате, толку повеќе награди отварате. Секој регион си има посебни награди. Тоа се прави на дневно ниво, а исто така има и неделни награди секој петок кои ве наградуваат според вкупниот број на experience што сте го собрале таа недела. Не можам добра идеја да добијам од бетава за тоа како точно ќе функционира, ама мислам дека ќе може лесно да се добиваат многу карти без плаќање.

Еве неколку слики и видео со објаснување.

Играше ли некој друг деновиве? Какви впечатоци имате?
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.279
Поени од реакции
12.631
Сите игри со карти почнаа да вадат.
Фали уште Фортнит игра со карти :D
Доста се две: Хартстон и МТГ:Арена.
Артифакт делуваше интересно со три бојни полиња али пропадна оти многу пари требаше да фрлиш за карти да купиш, вајда овие од Риот нема истата грешка да ја направат.
Гледав неколку стримери на Твич, ништо посебно не ми стои играва.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Сега за сега само TES:Legends ме бендисува од ова карташкиве игри.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Иам играно миљон ccg-a електронски и вистински. Ваљда и ова ќе го пробам. Не обеќава нешто многу-многу.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Играта ги зема добрите елементи од MTG и Hearthstone. За разлика од MTG, нема проблеми со mana screw и color screw, односно секој круг, играчот добива 1 мана која е универзална, со што се изостава непотребниот елемент на среќа (исто како на Hearthstone) што го има MTG, а од друга страна, има „stack" на карти, нешто што фали на Hearthstone, а ѝ дава динамика на играта. Визуелно е океј, може да биде и подобро, но сѐ уште е во отворена бета.

Имам надежи за играва, освен ако Рајот не зезнат нешто.
 

Attachments

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom