Ќе ти го донесат Justin Bieber не се секирај, во меѓувреме остави легендите да си го кажат своето.
Така де! Не чинела датата, не чинело местото, картите не чинат ни кога се нумерирани ни кога не се, за цената почна паника да се крева уште пред да кажеш Џо

Со Џастин Бибер ќе заќутите? Што инаку сакате? Ако се Hurts, носеле групи со по две песни, ако се Сантана, Дилан, Кокер... стари биле. Па брчките да не им ги броите!?
На Lenny Kravitz, Pink, Massive Attack, Underworld, Faithless, Placebo, David Sylvian, Diana Krall, PVD, Paul Oakenfold што им фалеше? Стари ли беа, млади ли беа... На што паѓате? Кој друг ви остварил некоја желба? Ќе славите со „младите“ кога Авалон ќе престанат да работат тука, или ќе си ќутите и ќе трчате до Белград?
Според ситничарењето повеќето тука изгледа ги знаат сите потреби на публиката, па просто се чудам што дремете по форуми наместо да организирате по десетина концерти месечно!?