Легализирање на марихуаната?

  • Креатор на темата Креатор на темата Штрудла!
  • Време на започнување Време на започнување

Да се легализира Марихуаната во РМ ?


  • Вкупно гласачи
    435
Државата е народот :P .

Туку зашто ЛЕГАЛИЗАЦИЈА а не ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА !!!
Од тоа што имам прочитано ова 2во е многу подобра опција за граѓаните.
Па народот не чини, тоа велам.:P
Луѓето обично знаат да бидат против нешто за кое само слушале дека е лошо, без притоа да се обидат да дознаат повеќе информации за истото и во тоа е проблемот.Како сега мајка ми да ја прашам дали марихуаната е лоша, ќе ми рече дека е дрога и дека се станува зависен итн.Нејзе не ја интересираат сите придобивки од ова растение зошто слушнала само дека е дрога и приказната завршува тука.Колку и да ја убедувам нема да постигнам ништо.
Декриминализација можеби е подобра опција за граѓаните како термин, ама нели ќе се постигнат истите резултати што е и целта во случајов?Терминологијата мислам дека е најмал проблем.
 
Не ми се верува дека 75% изгласале ЗА легализација на марихуаната во Р. Македонија.

:facepalm:
 
Има разлика од декриминализација и легализација. Легализацијата е ултимативната цел, но не е лесно да се промени цел закон. Тоа е долг и макотрпен процес.
Легализацијата значи ставање на крај на сите криминални дејствиа поврзани со марихуаната. Да нема апсења за поседување на Х количина на маријуана, да се продава семе, стебла или клонови во лиценцирани канабис клубови. Марихуаната да се употребува како состојка во исхраната. Да се користи како лек во медицината. И најбитното од се да се плаќа данок контролиран од државата! Која држава не сака дополнителен приход во касата?!?! Со ова би се намалил бројот на осуденици, млади луѓе чии што животи се уништени поради употребата на марихуаната. Јас знам млади, просперитивни колеги кој што пред 4-5 години лежеа 6 месеци затвор за 2 грама марихуана. Цел живот се обележани од општеството како затвореници. За што? За 2 грама безопасно растение. Со легализацијата ке се контролира употебата на марихуаната. Ке се казнуваат јавните службеници ако употребуваат канабис за време на службата, ке се воведат построги нарко тестови за возачи, за наставници, за управувачи на машини.... Контролирано ке се продава во лиценцирани установи.
Додека за декриминализацијата сето ова не важи. Маријуаната ке биде нелегална, само ке се намалат казните предвидени од локалните законски служби. Ке зависи од полицаецот дали ке те казни за употреба или поседување на канабис. И ако те казни, казната ке биде прекршочна и ако се плати во одреден временски период, делото нема да влезе во криминалното досие.

Државата ке има профит од двата случаеви, во првиот од данокот. Не само за продажба на канабис, туку и од потрошувачката на индустриска струја, на вода, дистрибуцијата и фертилизација за одгледувањето на ова растение. Со тој данок, јас ке плаќам за едукација на граѓаните, за подетални медицински и научни испитувања. Ке плаќам за отварање на Канабис Клубови, места каде што ке имаме состаноци со други канабис ентузијасти. :) Ке плаќам на државата, наместо да плаќам на уличните дилери (звучи утописки) .
Од друга страна со декриминализацијата, државата профитира со законските казни, ке профитираат адвокатите, судовите. Канабисот пак ке биде нелегален и забранет за одгледување, но со многу помали казни, полицијата треба да биде толерантна и да не си го троши времето за апсење и испиутвање за поседување на мала количина на марихуана.

Е сега што повеќе му одговара на народот, тоа е релативно. :)
 
[DOUBLEPOST=1393764873][/DOUBLEPOST]
Не ми се верува дека 75% изгласале ЗА легализација на марихуаната во Р. Македонија.
:facepalm:
Време да се запрашаш дали тие 75% мoжеби знаат нешто што ти не знаеш... а? ;)
 
Последно уредено:
Дај ми еден пример, што не би знаел?
Cannabis-vs.-Alcohol-What-Is-Better-For-You.jpg
 
http://www.cureyourowncancer.org/

Ќе се легализира само медицинската марихуана (што е едно те исто, ама ке се продава во аптека и на рецепт)
Легализацијата ќе биде само заради профит.
Позитивните страни на канабисот повеќе неможат да се скријат.
Но од тоа ќе профитира само државата.
И немој да мислите дека кога ќе се легализира медицинската марихуана, ќе може да се сади и да се дува кај стигне како во амстердам...
После таа легализација, казните за дување ќе бидат само подраконски.
 
Зошто во денешно време во многу држави во светот се легализира марихуаната???

Бидејќи конзумирањето марихуана подолг временски период го заглупавува човекот...!!!

А нормално глуп народ глуп човек е многу лесен за владеење и за контролирање...!!!

Исто така било и во стариот и во средниот век. Секаде каде што народот конзумирал марихуана царовите лесно владееле со нив!!!
 
идејќи конзумирањето марихуана подолг временски период го заглупавува човекот...!!!

Ако се конзумира екстензивно како храна, да. Инаку, благе везе нема.

И тоа во средновековието ти е безвезе исто така.
 
Зошто во денешно време во многу држави во светот се легализира марихуаната???

Бидејќи конзумирањето марихуана подолг временски период го заглупавува човекот...!!!

А нормално глуп народ глуп човек е многу лесен за владеење и за контролирање...!!!

Исто така било и во стариот и во средниот век. Секаде каде што народот конзумирал марихуана царовите лесно владееле со нив!!!
Поради користење во медицината, поради контрола на државата, нејзина продажба и слевање на приходите од неа во буџетот на државата.
Ако гледаме што денеска заглупавува, за мене поголемо заглупавување од телевизија нема.
Ако народот/човекот е глуп може да го владееш и контролираш на стотици начини.
 
Ако се конзумира екстензивно како храна, да. Инаку, благе везе нема.
И секој викенд ако се конзумира може да се заглупави човек... Јас сите луѓе што ги знам што редовно конзумираат Мара не знаат што зборуваат, едноставно не знаат логично да ја состават кажаната реченица и кажуваат неповрзани мисли...
И тоа во средновековието ти е безвезе исто така.
Да, да затоа многу паметни биле луѓето во средновековието...
 
И секој викенд ако се конзумира може да се заглупави човек... Јас сите луѓе што ги знам што редовно конзумираат Мара не знаат што зборуваат, едноставно не знаат логично да ја состават кажаната реченица и кажуваат неповрзани мисли....

Тоа се случува кога ќе земеш преголемо количество. Човек кој нема усул, и на други начини ќе се заебе, марихуаната е само еден начин. Ама тоа не е солиден аргумент против легализацијата. Не може ради недоквакани мозоци, останатите да бидат лишени.

Да, да затоа многу паметни биле луѓето во средновековието...

Да да, Крстоносните Војни ги започнале средновековни хипици кои пушеле мара, а вештерките што ги палеле биле нивни суплајери кои не носеле квалитетна стока.
 
Зошто во денешно време во многу држави во светот се легализира марихуаната???

Бидејќи конзумирањето марихуана подолг временски период го заглупавува човекот...!!!

А нормално глуп народ глуп човек е многу лесен за владеење и за контролирање...!!!

Исто така било и во стариот и во средниот век. Секаде каде што народот конзумирал марихуана царовите лесно владееле со нив!!!
абе ајде, знам инжинери, доктори, стоматолози, правници, обични работници, бизнисмени, полицајци... кои што користат марихуана па нешто неми изгледаат глупо и се јако успешни во професиите што ги работат, и колку да напоменам јас непушам трава.

Инаку, што се однесува до легализација на марата јас сум прв за тоа, прво државата ке има повеќе бенифиции од тоа кои што гледам сте ги напоменале тука па да не се повторувам, второ според повеќе истражувања земјите во кои што се по либерални во однос на користење на марихуана има помалку хероински зависници од земјитте кои што се построги, трето ке се продава во аптека и ке се знае што е што, а не како сега што имам слушано муабет ги прксаат со секакви отрови и шта ти ја знам, четврто што иако е забрането производството и продавањето на марихуана, кога се кади на сите страни да не има некоја корист од тоа?!, така да што побрзо се легализира тоа подобро.
 
Зошто во денешно време во многу држави во светот се легализира марихуаната???

Бидејќи конзумирањето марихуана подолг временски период го заглупавува човекот...!!!

А нормално глуп народ глуп човек е многу лесен за владеење и за контролирање...!!!

Исто така било и во стариот и во средниот век. Секаде каде што народот конзумирал марихуана царовите лесно владееле со нив!!!
А шо ти е тебе гајле шо ќе внесувам јас у моето тело?

Тебе не ти се допаѓа, не дувај. Ама не му го крати правото на некој друг да го прави тоа што го сака.

И не само за дување, за било што шо се прави. Не сакаш да пиеш алкохол, не пиј. Не сакаш да се испаѓа после 12, не испаѓај. Сеедно, твое право.

Само помисли на фактот колку луѓе дуваат и пијат алкохол и пушат цигари само ради трилот оти некој ќе ги фати, и чувството дека се над законот/родители/старател.

Не да се легализира, туку никому курот да не го боли за тоа што некој си прави со своето тело.
 
Само глуп човек смета дека Марихуаната е глупа работа. Моето мислење е дека за неколку години ќе биде легализирана зашто дневно запленуваат на овие простори по тон трева, која ја уништуваат место да ја употребат во добротворни и медицински цели.... масовната свест оди во други нивоа и се би било кул доколку би се легализирала за медицински потреби и цели.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom