Легализација на марихуаната и проституцијата - дали сте за или против?

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување
Tемава е ептен политичка и може да предизвика меѓуетнички тензии,затоа нема да се изјаснувам со препораки да се тргне од дневен ред.
 
Сум против легализирање на марихуана и проституција само поради фактот што тоа можат да си го дозволат само добро развиените држави кои можат да ги контролираат тие работи:
1 Марихуаната да ја контролираат за да не поминат луќето на потешки дроги
2 Проституцијата да ја контролираат на тој начин да не премине во насилна, бело робје и сл.
 
Струмиксе, като влезете в ЕС, и вариш ракија, после идва един бирник и му плашташ по 1 евро некаде на лит'р налог. Е поне по закон е така, ма никој не го спазва заштото иначе ште падне правителството. Да знаете какво ви чака.:uvo: А за проституцијата с'м против, заштото на 24 години за секс не плаштам!:nenene:
 
Струмиксе, като влезете в ЕС, и вариш ракија, после идва един бирник и му плашташ по 1 евро некаде на лит'р налог. Е поне по закон е така, ма никој не го спазва заштото иначе ште падне правителството. Да знаете какво ви чака.:uvo: А за проституцијата с'м против, заштото на 24 години за секс не плаштам!:nenene:
И тука има таков закон, т.е. сличен за ракијата. Акцизна стока е :)
Не се работи за ти и јас да плаќаме, туку за редовни медицински контроли на „занаетчиките“, па фискализација, данок да си плаќаат, помалку невработени, намалување на трговијата со луѓе, помалку СИДА и слични болести...
 
И тука има таков закон, т.е. сличен за ракијата. Акцизна стока е :)
Не се работи за ти и јас да плаќаме, туку за редовни медицински контроли на „занаетчиките“, па фискализација, данок да си плаќаат, помалку невработени, намалување на трговијата со луѓе, помалку СИДА и слични болести...

Остана след секс да ме питат каква фактура искате, дан'чна или опростена:vozbud: И ако изкара ПОС терминал да платја с дебитна карта крај!:pos2:

А ако искате марихуана в Петрич и Сандански е като Колумбија и јамајка. Кој ти сади домати като може Марихуана.

Поздрави:helou:
 
Секако за кур не не бива, ни индустрија немаме ни ништо. Барем да се легазлизира дрогата ќе живниме максимално. Ќе садиме маријана место луцерка, афион место бостан, кока место расад, ќе ги претвориме непрофитабилните текстилни фабричиња во лаборатори и трган бизнисо. Извоз ќе пука, а и плус барем чиста дрога ќе имаме да не се убиват децата со ова срање сега шо го земат, ем поефтино ќе биди. Кој сака да се дрогира ќе се дрогира, нема никаква врска со легалноста, воопшто.

Шо се тиче проституции, веќе се праеше муабет на ова тема и мислам дека сите се согласивме дека позитивните страни од легализацијата беа далеку поголеми од негативните, со исклучок на DieHard инаетчиите.
 
Аман веќе со ова марихуанава досадни сте :tapp: а за проституција сум ЗА легализација...не за друго похигиенски е...и нема да биде на улица :kesa:
 
И за двете ЗА
Порано за трева не сакав ама кога ке се размисли ако се легализира тревата ке се пуши чиста трева нема да се труе народот со гомната од Арачиново-трева со милијарда језиви адитиви, гарантирам дека само таа прскана трева е штетна,+ ке се расчисти општеството од малоумните ке си се направи некоја природна селекција тие што ке пушат по цел ден нема да сметаат за паметни работи и стварно бе па у крајна линија ние како народ не се сакаме вака со трева масовно кога ке напушиме ке си бидеме насмеани ке се толерираме ке се заебааме ке се цениме и све тоа
Проституција исто сум ЗА пошто со асална регулатива калаштурите ке си идат редовно на проверки и никој нема да се плаши од трипери сиди сифилиси итн+ ке имаат редовни примања со што ке можат да се надградуваат и да инвестираат сами во себе..
(трева не пушам а за по курви не ми се дават пари)
 
ЗА двете.
Прво, тревката треба да се озакони зошто така ќе се произведува квалитетна нештетна тревка. Тоа што е наркотик - па што. Алкохолот, цигарите, дури и сексот имаат ефекти на психата и ствараат зависност, па пак не се илегални иако не се ништо подобри од марихуаната. Барем од марихуана не се добива рак на бели дробови и цироза. Ако има некакви штетни последици нека напишат на кутијата дека овој продукт може да има штетни последици, како на кутија цигари што пишува дека можеш да си фатиш рак. Значи, доста лицемерие, ајде малку еднаков третман.
Второ, проституцијата е нешто што не се искоренува. Предолго ја има. Подобро да се озакони и на сите да им се даде пензиско, здравствено... се што добиваат другите работници. Проститутките ќе си добиваат редовни здравствени прегледи и нема да мораат да имаат секс кога нема да сакаат. Кога им треба пари ќе работат, кога не, нема - како сите други, нормално. Нема да може макрото да ги присилува на ништо, нити пак да ги злоставува. Btw, како е дозволено секс за пари пред камера - порно, да просперира во огромна индустрија што врти огромни суми на капитал, а не е дозволено некој да нуди сексуални услуги за пари. Милјон пати сум кажал и пак ќе кажам: човекот е господар на сопственото тело исто како што е господар на сопствената судбина.
На крај, покрај тоа што ќе се решат овие проблеми еднаш засекогаш, државата би можела да извлече профит од сето тоа. Покрај даноците, можеме да бидеме сигурни и дека би станале и погодна туристичка мета. Никој во регионот нема такви услуги па сигурно би доаѓале кај нас да испушат еден џоинт, на раат, во јавност. Не е блиску Холандија, не може секој од Балкан да си дозволи да оди до таму.
Поента: И капитализмот води до империјализам како што трвди Маркс, ама никој неможе да ми побие дека ставен во правилна законска рамка капитализмот не е најефективниот економски систем што го познаваме. И нуклеарната технологија може да разурнува градови, а може и да биде корисна. Побогу, пола од лековите се отровни пиени во несоодветни количини Така исто и марихуаната и проституцијата. Се е само прашање како нешто ќе биде ставено под контрола и правилно искористено.:star:
 
НИКАКО!!!

Прво и основно, сите од село ќе слегват в град да купват дрога (мариуана) на рецепта од аптеки и јас ќе останам без средства за егзистенција.
 
najbrziot nacin Makedonija da stane turisticka atraktivna destinacija i vo drzavata da se vlevaat ogromen broj devizi
 
ако се легализира тревата ке се пуши чиста трева нема да се труе народот со гомната од Арачиново-трева со милијарда језиви адитиви, гарантирам дека само таа прскана трева е штетна,+ ке се расчисти општеството од малоумните ке си се направи некоја природна селекција тие што ке пушат по цел ден нема да сметаат за паметни работи и стварно бе па у крајна линија ние како народ не се сакаме вака со трева масовно кога ке напушиме ке си бидеме насмеани ке се толерираме ке се заебааме ке се цениме и све тоа

Тоа со тревата демек му доаѓа нешто како членство во НАТО, а? Значи затоа се бориме за слобода на Авганистан од клетите талибанци што не разбираат од демократија и прогрес, па ги ги испокорнаа тревите?

Си ја погодил токму кај што треба, замо една ти фали. како и секој друг профитабилен бизнис, и трговијата со трева си е под монопол. Се знае кој смее да сади, кој да продава на големо, кој и каде да препродава на грам. Пробај да се замешаш без прашање, па ќе видиш како ќе си поминеш...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom