LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде ако се ST толку добри сеа дајте линк до некое review кај што имаат тестирано таков телевизор. Нема?
Некој да има отворено, да каже што панел има внатре и останата електроника.
Со софтверски надградби како стојат, колку често има ажурирање?
 
Епа не знаеме дали чинат или не чинат, затоа што нема никакво инфо за нив. Којзнае што ставаат внатре и кај ги произведуваат. Нема никаква рецензија за тие телевизори. Купување таков производ е вистинска лотарија. Кој сака може да проба. ако има вишок пари.
 
Скржавиот и сиромавиот даваат дупло и најчесто таа група на луѓе ги купува таквите телевизори. На еден од сто ќе им се погоди и готово добри се. Или не знаат што е квалитет, па ок добар е бе за гледање турски серии и вести. За такво нешто и обичен LG ќе ти заврши работа.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Quart и ST се генерички телевизори, купени од кинеска фабрика со ефтина електроника и панел на кои се лепи етикета по желба на порачувачот. Квалитетот на сликата е далеку од подобрите модели на појаките марки но кај овие тоа не се ни бара затоа што прв и основен критериум е цената. За луѓе што сакаат евтино и да има некаква слика сосема се во ред. Дали ќе се расипуваат немам поим, никогаш не сум купил ниту ќе купам но претпоставувам дека се генерално ок.

Имаше модел на Philips прошлата година со слика катастрофа ама бидејќи беше евтин мислам дека растур направил од продавање кај нас.

Во принцип овие евтиниве секогаш имаат некаква слабост, дали послаб контраст, нереални бои, слаба оштрина, бавен процесор или нешто петто, треба секој сам да процени дали со тоа може да живее ама на тој што прв критериум му е слика а цена втор секако зема Сони, Самсунг и останатите во тој ранг.
 
Скржавиот и сиромавиот даваат дупло и најчесто таа група на луѓе ги купува таквите телевизори. На еден од сто ќе им се погоди и готово добри се. Или не знаат што е квалитет, па ок добар е бе за гледање турски серии и вести. За такво нешто и обичен LG ќе ти заврши работа.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
LG можеби е повиран од овие ефтиниве.Многу поплаки на другиот форум 20181106_173519.png
 
LG можеби е повиран од овие ефтиниве.Многу поплаки на другиот форум Прегледај го приврзокот 199170
LG ќе се расипат 1 од 100, а тие ST ќе се расипат 99 телевизори од 100 и нема да издржат додека трае гаранцијата. Имам обичен LG во детската соба и 24/7 е вклучен и нема гајле веќе 5 години.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
имат и србите нивни брендови за електроника, еве сега најпознат е Tesla, ама кај има сајтови, списанија кои моделите на Tesla ги тестираат па знаат луѓето што купуваат. Кај нас ни сајтови за рецензии има, ниту пак фирмите се спремни да дадат повеќе инфо за производите со нивниот бренд или пак да понудат некоај техничка подршка. Знам AMC еднаш имаа ftp сервер со упатства и firmware за quart производите ама мислам дека го угасија.
 
Друже факт е дека у задње време идеме на она " као ќе се погоди " и за жал така е. У секој случај дека ЛГ, Сони, Самсунг, Панасоник возат многу боље, вадат слика профи и тако даље. Али на луѓево им е преку к*р (тие што имаат осетено), купува скапо ко демек поиздржливо и боље а го јебава у старт со мртви пиксели и позадински осветлувања ти реков ми рече. Така да се одлучува за нешто поефтино па и да му се сјебе да не му е многу криво..
 
имат и србите нивни брендови за електроника, еве сега најпознат е Tesla, ама кај има сајтови, списанија кои моделите на Tesla ги тестираат па знаат луѓето што купуваат. Кај нас ни сајтови за рецензии има, ниту пак фирмите се спремни да дадат повеќе инфо за производите со нивниот бренд или пак да понудат некоај техничка подршка. Знам AMC еднаш имаа ftp сервер со упатства и firmware за quart производите ама мислам дека го угасија.

Мала исправка ТВ Тесла е хрватски производ ,а требаше да биде српски во поранешниот погон Ei инаку Ei малкумина знаат какви квалитети беа на времето

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom