LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
СТ, Фуего, Паоло, Нео и сличните на нив се` чисти фалсификати и непостоечки брендови, а непостоечки брендови не мораат да склучуваат никакви договори со Нетфликс и слични компании.
Зошто фалсификати, непостоечки? Само се понеквалитетни и соодветно на тоа поефтини буџет ТВа

Но и на шкарт брендовите воопшто не им треба дозвола за да додадат копче на далечинскиот управувач со кое ќе се повикува апликација која пред се` е бесплатна.
Нетфликс не е бесплатна.
 
Имам Telefunken 48fb5000, се' поврзано со интернет работи, само Нетфликс упорно врти врти врти и нејќе да дојде до home screen. Пробав од телефон да направам cast, ја стартува апликацијата и си врти упорно. Знае некој како да се среди работава? И не најдов никаде маркет за инсталирање/деинсталирање апликации.
Имаат netflix сменето нешто во системот и сега апликација не може да се поврзе. Треба да се обнови апликацијата, нова верзија. а тоа којзнае дали ќе се случи. Штом нема маркет тогаш можеби понов firmware ама дали и такво нешто може да се најди.
Проблемот кај помалку познатите брендови не е во хардверот, туку софтверската подршка
 
СТ, Фуего, Паоло, Нео и сличните на нив се` чисти фалсификати и непостоечки брендови, а непостоечки брендови не мораат да склучуваат никакви договори со Нетфликс и слични компании.

Но и на шкарт брендовите воопшто не им треба дозвола за да додадат копче на далечинскиот управувач со кое ќе се повикува апликација која пред се` е бесплатна.

Нетфликс воопшто нема да ги тужи тие кои му прават бесплатен маркетинг, а особено не во помалите сиромашни и неразвиени држави каде што вообичаено големите компании од типот на Нетфликс воопшто немаат свои претставништва или свои застапници.
https://help.netflix.com/en/node/23918
https://help.netflix.com/en/node/23893
Овие Турциве што се Вестел што ги држат сите брендови како Хитачи имаат договор со Нетфликс и некои промоции, пошто Турција е голем пазар а и тоа интерфејсот им е ист, без оглед на брендот.
 
Зошто фалсификати, непостоечки? Само се понеквалитетни и соодветно на тоа поефтини буџет ТВа

Нетфликс не е бесплатна.

Затоа што СТ, Фуего, Паоло, Нео и останати се само налепници, додека во пракса такви производители не постојат.

Еве земи ги Нео за пример, компанија Нео не постои, но затоа постои турски Беко, чии што производи препакувани со Нео налепница доаѓаат поевтино, но истовремено и со помал квалитет.

Нешто слично беа климатизерите Фонко во Македонија, климатизерите беа од ЕлЏи, додека Фонко беше само налепница.

Е сега, тоа што ЕлЏи е светски квалитет и тоа што сеуште имам два климатизера од Фонко - едниот стар повеќе од 15 години, а другиот стар повеќе од 10 години - и двата сеуште исправни и функционални, говори дека нашинците очигледно одлучиле дека сакаат налепницата Фонко да се стави на квалитетен производ, а не на евтин фалсификат, но тоа е веќе друга приказна, таквите исклучоци се ретки.

Конкретно кога сме кај Андроид оперативниот систем, добар дел од тие шкарт уреди со Андроид оперативен систем можат да изгорат доколку им се инсталира понова верзија на Андроид оперативниот систем.

Апликацијата Нетфликс како апликација е бесплатна, тоа што нејзиното користење се наплаќа е друга приказна.

https://help.netflix.com/en/node/23918
https://help.netflix.com/en/node/23893
Овие Турциве што се Вестел што ги држат сите брендови како Хитачи имаат договор со Нетфликс и некои промоции, пошто Турција е голем пазар а и тоа интерфејсот им е ист, без оглед на брендот.

Знам, и Нео е копија од турски Беко, но како што знаеме, тоа не е синоним за квалитет.
 
Последно уредено:
Јас само мислам за Нетфликс кое е еден месец е безплатен па после се наплаќа

Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk
 
Уф тоа е заебана работа ,мислам дека Нетфликс има склучено договори со ЛГ,Самсунг ,Сони,Панасоник и други познати актуелни брендови ,а со Телефункен ,Грундинг ,Хитачи па и Фуего тоа не знам . Еве пример кај LG ТВ има склучено и нивниот далечинско има директ апликација Нетфликс . Не ти треба Нетфликс и така се плаќа , ПикБокс ќе ти заврши работа
085e40bfa0e32fb53c4cb7e3d6a013d9.jpg

c69f99972d176102c17f22c6ceaba11a.jpg

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk

Имаат netflix сменето нешто во системот и сега апликација не може да се поврзе. Треба да се обнови апликацијата, нова верзија. а тоа којзнае дали ќе се случи. Штом нема маркет тогаш можеби понов firmware ама дали и такво нешто може да се најди.
Проблемот кај помалку познатите брендови не е во хардверот, туку софтверската подршка

Не било проблем. Сум го внесувал погрешно пасвордот нонстоп ама не знам зошто апликацијава при згрешен пасворд само лоадира упорно, не покажува дека е грешка пасвордот. Сеа е у ред, си работи беспрекорно.
 
Имам LG Led SmartTv телевизор, модел LN575S, стар е околу 5 години и имам проблем слика нема звук има. Се конектира и на јутјуб преку мобилен,си функционира и далинското и сите опции на слепо што ги пробав. Што може да е, и препорака за добар сервис?
 
Најлесно е да ти ги препорачаат Видео Дата или Сервис Македонија, бидејќи тие се овластени сервисери, но бидејќи гаранцијата е истечена, вообичаено или наплаќаат премногу, или за да не се замараат со набавување на делови ќе ти го отпишат телевизорот како непоправлив.

На татко ми му изгоре евтин LCD телевизор од Филипс минатава пролет 2018 поради електричен удар, од Видео Дата му понудија да набават нова матична плоча за 5.000 денари, поради што си го зеде телевизорот непоправен. Подоцна најде некој електричар кој за 2.000 денари или за 3.000 денари - не помнам точно - ја поправи изгорената матична плоча и ене го телевизорот исправен и функционален.

Јас поминав низ слично искуство со Видео Дата кога им однесов расипан ЕлЏи монитор, за кој ми кажаа дека му нема спас, па подоцна најдов сервисер за телевизори, кој ми го поправи мониторот за 1.300 денари и еве, до денешен ден го користам мониторот исправен и функционален и максимално сум задоволен од истиот.

Така да, мој совет ти е да најдеш некој добар електричар, по можност да биде некој кој работи со телевизори, за да го провери телевизорот и за да го поправи ако може.

Верувај ми, локални сервисери се многу подобри од овластените сервиси, бидејќи за разлика од овластените сервиси кои работат на големо и вообичаено се обидуваат да ти продадат резервен дел, локалните сервисери се обидуваат да го поправат расипаното.
 
Само локален сервисер.

Да не имате некоја препорака за мајстор :smirce:
 
Вчера забележав бела флека на телевизорот, се познава само на бела позадина,го избришав убаво телевизорот но уште стои толку ли е од него. IMG_20180801_235452.jpg
 
Вчера забележав бела флека на телевизорот, се познава само на бела позадина,го избришав убаво телевизорот но уште стои толку ли е од него. Прегледај го приврзокот 194777
не е однадвот тоа, внатре проблем со позадинско, можеби само дифузер да е паднат, треба да го залепиш
може и сам да го поправиш ако си желен за авантура :D
 
Воопшто незнам ни што е тоа дифузер ни каде се наога :ROFLMAO: :facepalm:
 
Имам LG Led SmartTv телевизор, модел LN575S, стар е околу 5 години и имам проблем слика нема звук има. Се конектира и на јутјуб преку мобилен,си функционира и далинското и сите опции на слепо што ги пробав. Што може да е, и препорака за добар сервис?

Батали го Видео Дата тие дубари прават, туку оди кај слаткарницата апче кога влегуваш уличката (од партизанска) и првата лево и одма карши игралиштето има сервис не ми текнува како се викаше е таму има официјален сервис за ЛГ ,Сони и Панасоник а наскоро и самсунг
Патем : Про Сервис PSC се вика

http://www.psc.mk
Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom