LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
Ја нема оваа опција во Picture. :(
е па кој модел го имаш. треба во упатство да се види што можности опции има.

има некаде eco, power saver опции. пребарај низ менијата.
 
Последно уредено:
Ја нема оваа опција во Picture. :(
Мора да има таква опција впрочем сите ТВ имаат такви опции дури и мојот стар ТВ плазма панасоник го има инаку дали твојот ТВ е апдејтиран ???

Sent from my iPhone 5s using Tapatalk
 
Апдејт на се живо имам исклучено (ТВ, лап топ, PС, смартфон...).

Утре ќе проверам пак.
 
Го најдов и го исклучив тоа Eco Solution.

@Anon а оти лошо? И на PlayStore апликациите е исклучено. Поќе од 5 месеци немам ниедна апликација апдејтовано.
 
Затоа што со апдејти добиваш нови можности, подобрувања, поправени грешки, закрпени безбедносни пропусти и слично.
Ретко се случува апдејт да ти сјебе нешто, и не се исплати да ризикуваш најмногу ради безбедносните пропусти.
 
Апдејт на софтвер мислам дека ќе ми зафати уште повеќе меморија. А исто и со секој апдејт на апликациите се намалува меморијата.
 
Последно уредено:
Дечки ќе ве замолам за помош, имам LG 32LN540B купен пред 3 год. со веќе истечена 2 год. гаранција и сега почна да ми прави проблеми. При пребарување на канали закочува целосно со сликата и гласот и не функционира на ниедно копче на далечинското. Единствен спас е да се исклучи од штекот и да се уклучи повторно но за скоро време пак го прави истото. Дали некој знае некое решение или каде би било најдобро да го пуштам за поправка. Фала однапред.

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
Можеби инсталирање на најнов софтвер, односно firmware, би го решило проблемот.

Ќе треба да го симнеш најновиот firmware со кликнување на Software & Firmware подоле на официјалниот веб сајт на ЕлЏи, во случајот со твојот телевизор тоа е верзијата 04.18.06 исфрлена на 29 јули 2015.

http://www.lg.com/uk/support/support-product/lg-32LN540B

Откако ќе го симнеш зипуваниот фајл, ќе треба да го екстрактираш, односно да го извадиш фајлот кој завршува со .epk и истиот да го копираш на USB меморија во фолдер кој мора да биде со наслов LG_DTV. Потоа треба да ја поврзеш USB меморијата со USB портата на телевизорот додека телевизорот е исклучен. Потоа го вклучуваш телевизорот и ќе се појави прозорец во кој ќе ти даде опција да ја инсталираш новата верзија на firmware - от.

Инсталирањето на новиот firmware вообичаено трае 2 до 3 минути, но не е проблем и ако потрае подолг временски период. Многу е важно да не ја извадиш USB меморијата и да не го исклучиш телевизорот додека се инсталира новиот firmware, бидејќи во спротивно ќе можеш да се збогуваш со телевизорот, бидејќи наредна станица ќе му биде отпадот.

Можеш да го симнеш и упатството Software_Upgrade_Guide(English) за подобро да се информираш како се инсталира најнова верзија на firmware - от на телевизорот, но немој да се збуниш поради сликите кои можеби не се совпаѓаат со менито на твојот телевизор, бидејќи упатството е старо, но сеуште е веродостојно.

Доколку мислиш дека не си подготвен за ваква процедура, однеси го телевизорот на сервис и таму нека го средат. Најдобро би било да се распрашаш за локалните сервисери, вообичаено тие подобро си ја вршат работата за разлика од препорачаните сервисери како што се Видео Дата - кои можат да ти кажат дека му нема спас на телевизорот, а потоа некој локален сервисер да го поправи - ти го говорам ова од лично искуство со Видео Дата.
 
фала многу ќе побарам некој во Струмица да го сервисира за да не згрешам во постапките за секој случај, инаку тел закочува на определени канали (не ми текнува кои беа поточно) и далечинското не функционира па треба да се искл. од штек , фала за исцрпниот одговор. Поздрав.

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
Наредната недела сакам да земам телевизор па ако сакате да препорачате нешто..Го барав секаде LG lb 731v никаде го немаше а баш ваков самам да земам..Ај препорака за друг телевизор до 33к.
 
Da soberes uste tolku pa da si zemes eden od 5-60 Incha 4K, pa da uzivash u slika i rezolucija.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom