LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да зимам телевизор 40`` или 42``. Е сега прашањето е што да земам во моментов за околу 30000-35000 денари? Ај нека пише некој што шетал по дуќаниве. Од каде и што марка? Ве молам за помош. П.С. Сакам да можам да ги гледам новиве формати филмови на УСБ.
 
HD филмови(mkv) од УСБ мислам дека подржуваат само LG и Samsung за овие двa произведитела сум сигурен за други не знам со тоа што samsung подржува и DTS звук, а LG не.

Samsung обично имаат подобар статичен контраст од LG. Овој телевизор би требало да ти заврши работа.
Отиди во Техномаркет/Нептун и спореди го со некој LG и кој ти прави повеќе ќеиф тој го земи :)
 
Момци пред некој ден ми се расипа лцд-то LG32LH 2000 во сервис ми рекоа да е напојувањето изгорено...дали знаете отприлика колку кошта?
И ако сакате да ми помогнете за избор на ново телевизорче се мислам помегу:
LCD PHILIPS 42PFL3606H/58
и PLAZMA LG 42PJ550 или кажете некое друго моделче до кај 27000ден ама да биде 40 или 42ка :)
 
Бидна и тоа, земав LED LG, 42 инчи, фулХД за 38.000 илјади. Тој таму рече нема никакви проблеми со филмовите и со преводите а сликата многу ми се допаѓаше. Единствено имам недоумици за квалитетот на ЛГ-ата, иако имам добро искуство со компанијата. Некако многу ефтин ми беше телевизорот... ама ај времето ќе покаже. Каков е квалитетот на LG?
 
Ефтин? За 26.000 имаш 40 инчи FULLHD 3D од Quart. Па види ти сеа ефтин.

Јас мојата 40ка LED од Филипс пред пола година ја земав 40.000, па би рекол дека цената е океј. За квалитетот, ако ти дале опција за продолжена гаранција од 5 години, може си требал да ја земеш. :)
 
LCD SONY KDL37EX720BAEP

  • Full HD LED 3D TV, 1920x1080p
  • Motion Flow XR, 200, 100Hz
  • Internet Video, Skype, wireless Ready
  • Mega Dynamic Contrast
  • Record TV to USB, HDD, Opera Web Browser
  • HDMI x4, USB, PC Input
  • DVB-T, DVB-C, MPEG4
47.990 ден
 
Ефтин? За 26.000 имаш 40 инчи FULLHD 3D од Quart. Па види ти сеа ефтин.

Јас мојата 40ка LED од Филипс пред пола година ја земав 40.000, па би рекол дека цената е океј.За квалитетот, ако ти дале опција за продолжена гаранција од 5 години, може си требал да ја земеш. :)
Може ефтин ми се виде поради тоа што го споредував со сличните модели на самсунг и остали, само што ме нервира некоја генерализација што постои во нашево општество дека самсунг се нај нај убер компанија и сите шо им викам ЛГ викаат зашо не си зел самсунг.:cautious:

За петгодишната гаранција морам да признаам дека страшно добар маркетиншки трик..

Кога ќе го уклучам, ќе изгледам филм и ќе го поврзам со сараундот ќе пишам впечатоци.
 
Ефтин? За 26.000 имаш 40 инчи FULLHD 3D од Quart. Па види ти сеа ефтин.

Јас мојата 40ка LED од Филипс пред пола година ја земав 40.000, па би рекол дека цената е океј. За квалитетот, ако ти дале опција за продолжена гаранција од 5 години, може си требал да ја земеш. :)

Стварно бе ова квартов убава цена ставија, но има еден мал проблем со 3д-то (незнам дали си бил да го видиш во АМЦ) но ако гледаш од страна, или од горе или од доле 3д-то некако се губи и нема квалитет.

Мора да седиш точно пред него, т.е очите да ти бидат точно некаде на средина од тв-то. Е сега ако собериш 4-5-6 другарчина како 3д би изгледало стварно незнам :)
 
Чекај чекај, Quart-от уопште го рачунате како опција? За таа цена, нема шанси да се добие квалитетен 40 инчен 3D телевизор, може само ѓубре да добиете!
Подобро додајте уште малце пари и земете 37 инчен Панасоник со Alpha IPS панел, 5x подобра опција.
 
Самсунг ти е најсТрање марка!
На два обични телевизори од 51 см им се еба бојата ( на зелено тера), ги носам на сервисер вика на оваа серија им страда екранот, значи нов екран. А ако го смениш, со малку пари плус на тоа нов ке си земеш.
На еден од старите флат монитор се појавуваат линии кога ке го вклучиш, треба да почекаш 5 мин за да ги снема.
Две 15-ки лцд монитори од првата серија цркнаа за кратко време, три пати на сервис ги носев оти беа под гаранција.
Три 19-ки лцд од најновите исто си ебаа мамата за кратко време( затоа и ја намалија гаранцијата од 3 на 2 години изгледа)
И за крај 32-ка ЛЦД Тв најскап во серијата а најлош квалитет!

Така да САМСУНГ никогаш повеке нема ни да погледнам, а не да земам дома
Штета што нема кај нас оригинални СОНИ или Панасоник јапонски мислам дека се тие Ок
 
А случајно да не си купил од АМЦ??? :D
Патем оригиналните СОНИ или ПАНАСОНИК во македонија никогаш нема да има ниту ќе има освен ако чекаш МК да стане полноправна членка во ЕУ тогаш ќе одиш директно во Германија и таму да си купиш и да донесеш без сите давачки;):D
 
А случајно да не си купил од АМЦ??? :D
Ниту еден од овие производи што ги наброив не се купени таму!
Што е најтрагично сите се купени во различни продавници, што значи најголем КРШ:)
 
Ниту еден од овие производи што ги наброив не се купени таму!
Што е најтрагично сите се купени во различни продавници, што значи најголем КРШ:)
да се согласувам денешните самсунси се како се вели фејк ,но постарите самсунси се покажа подобра одколку од оние денешниве,а зошто тоа е така можеби кинеска инвазија:)
 
да се согласувам денешните самсунси се како се вели фејк ,но постарите самсунси се покажа подобра одколку од оние денешниве,а зошто тоа е така можеби кинеска инвазија:)

Еве како доказ, Samsung SyncMaster 740BF одлично ме служи цели 5 години :)
А како главен проблем кај Самсунг мониторите/TV-та, би ги навел прејаките бои и осветлување, ова е изразито и кај постари модели како на пр. кај мојов монитор, стварно на моменти е пресветол дури и на 40% брајтнес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom