Лажна надеж

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Вака сега...

Дали сте вие личности кои иако сте свесни дека не сакате да бидете со некоја личност сепак и давате лажна надеж дека ќе бидете со неа/него?
Поради кои причини било тоа?
Или ако ви се нема случено...кои се најчести причини за тоа?
Дали ако некој се двоуми помеѓу двајца/две, па не знае кој/а да го/ја избере?
Или има нешто интересно во тоа?
Дали вас ви се случило да имате лажна надеж, па да пропадне тоа во вода?
Дали сепак самите луѓе си даваме лажна надеж и веруваме во нешто или сепак може да се случи друга личност да не убеди, да не' натера да веруваме и да се надеваме?
 
Фала богу дека сите луѓе во фаза на својот живот си даваат лажна надеж за нешто, поради тоа што сакаат тоа да им успее.
на љубовен план: Ако гледаме така сите врски почнуваат со лажна надеж од двете страни.Надеж која ја имаме дека таа врска ќе опстане.Или од друга страна: со тек на време врската може да избледе како и љубовта на еден партнер,но поради времето поминато заедно пробуваме барем еднаш да го средиме тој хаос од чувства и му даваме лажна надеж на партнерот дека се ќе се среди.сепак лагата си е лага, и ништо од сето ова нема долго да држи, може само да ја ублажи болката од падот или разочарувањето.
 
Дали сте вие личности кои иако сте свесни дека не сакате да бидете со некоја личност сепак и давате лажна надеж дека ќе бидете со неа/него?
Можеби несвесно давам лажна надеж, но се трудам да го избегнувам колку што можам повеќе тоа.Е сега и тука зависи на каков начин.На, пример ако ме викне да излеземе нормално нема да излезам со него затоа што знам дека не сакам ништо да имам, но можеби несвесно во тек на разговор да дадам лажна надеж и слично.

Или ако ви се нема случено...кои се најчести причини за тоа?
Или има нешто интересно во тоа?
Зависи од карактерот на луѓето.Некој ужива во тоа сите да го посакуваат и затоа дава лажна надеж како би ги држел сите во свои раце.Значи на ваквиот тип на луѓе им е интересно.

Дали ако некој се двоуми помеѓу двајца/две,па не знае кој/а да го/ја избере?
Но, тука сега, ако некој се двоуми меѓу двајца значи не мора да е лажна надеж.Во овој случај ни тој некој не може да се одлучи незнаејќи што сака па со тоа што си дава надеж на себеси им дава надеж и на другите која пак не мора да биде лажна.

Дали вас ви се случило да имате лажна надеж па да пропадне тоа во вода?
Да, ми се случило, сум имала и сеуште имам само проблемот е во тоа што не знам дали е лажна надеж или не.

Дали сепак самите луѓе си даваме лажна надеж и веруваме во нешто или сепак може да се случи друга личност да не убеди,да не' натера да веруваме и да се надеваме?
Може самите да си даваме лажна надеж, но тоа може да потрае некое извесно време, а откако ќе видиме како стојат работите сето тоа ќе помине.Но, ако ваквата ситуација потрае подолго време (како што е случајот со мене) значи не зависи од нас. Сепак тука има некоја друга личност која не насочува кон тоа и ни дава, било свесно било несвесно, лажна надеж за која пак не знаеме дали е лажна или не. Во секој случај збунувачки е.
 
Се додека постои надеж-постои и некоја причина за истата.Без разлика на се, надежта не би рекла дека е лажна зашто таа не гарантира дека нешто ќе излезе добро туку само се надева, иако звучи смешно.:)
Ако нешто не биде како што ние сме се надевале не значи дека сме имале лажна надеж.
Надежта треба секогаш да е присутна кога нешто силно посакуваме.
 
Надежта последна умира.И сите ја имаме без разлика дали е вистинска или лажна.И како можеме тоа да го одредиме?Никогаш за ништо не сум давала лажна надеж.Но тоа не значи дека сум ја немала.Немора никој да ти ја даде можеш можеш и сам да си ја створиш.
 
Свесно никому не сум дала лажна надеж.
Глупаво ми е да давам некому лажна надеж,а јас знам дека ништо не бидува од тоа.
Глупаво е некого свесно да го охрабруваш за нешто, да речам, а после тоа да го разочараш. Знам, зошто сум осетила на своја кожа. Кога некој свесно ти дава лажна надеж си правиш филмчиња во глава, вака ќе биде, така ќе биде, си леташ со мозокот, и на крај сето тоа ти пропаѓа во вода. Глупаво е стварно. Ова за свесно зборам, не знам што има тука интересно. Да даваш некому лажна надеж и после тоа да го разочараш човекот и после да го гледаш како тоне, да речам.
Јас свесно никому не би му дала лажна надеж.
 
Нема да должам многу.
Надеж... Ич не ми се свиѓа таа работа... Ја мразам.
Никогаш не сум давала лажна надеж на некој, можеби кај некој се јавила надежта во врска со мене, но сигурно сама му се вродила во глава. Јас сум скарана со надежта, одамна. И затоа не сакам давам надеж, било да е лажна, било да е... Вистинска?!?!

Еве ја најголемата вистина за надежта:
Надежта е најголемото зло на човештвото!... Го продолжува измачувањето на човекот.
 
Ми ја дале, па потоа ми било тешко, но и јас сум ја дала(во однос на емоции) и зезнав една личност, барем јас виновна се чувствувам...
Надеж=к**ва, не е ништо што ми треба, но сепак ја носам како дополнителен багаж на оптимизмот.
 
Надежта е најголемото зло на човештвото!... Го продолжува измачувањето на човекот.

Не може да се живее без надеж.
Можеби тебе не ти е потребна зашто си задоволна од твојата љубовна состојба, но замисли да беше без партнер, разочарана, повредена...немаше ли да се надеваш дека еден ден ќе сретнеш некого со кого ќе се чувствуваш убаво?

Јас мислам дека повеќето од вас, погрешно ја сфаќаат надежта-во смисла дека доколку тоа за што сме се надевале не се оствари настапува разочарување, а според мене, во тој момент умира надежта а се раѓа некоја друга.Не верувам дека има човек кој не се надева на подобро утре, па дури и ти.
 
Темата не е поставена за да се пишува општо за надежта, туку за тоа дали сме давале лажна надеж. Но кога веќе почна...
Гледам дека ме цитираш за, според мене, највистинската фраза што некој ја кажал. Океј, мене ми се свиѓа, тебе не. Како што велиш ти, ако си се надевала за нешто, но се разочараш за тоа, одма настапува некоја друга надеж. И друга, и друга, и друга... И? Сакам да кажам дека не сакам да се потпирам толку цврсто на надежта, туку едноставно се помирувам со работите такви какви што се, и кога-тогаш се` ќе се среди, се` во свое време. Си верувам во судбина. Што треба , тоа ќе се случи.
Секој во својот живот си има свои разочарувања, некој си се надева на подобро, некој се помирува со ситуацијата, и знае дека некогаш, ако му е пишано, се` ќе си дојде на свое место.
 
Точно дека надежта го продолжува мачењето но за сметка на тоа го постигнуваме она што сме го сакале и мечтаеле толку добро. Надежта е онаа кој не прави да бидеме упорни и да се бориме за она за кое мислиме дека ни припаѓа нам и секако го сакаме. Значи во овој дел се согласувам со Tender Gigl.
Сепак треба добро да се размисли дали вреди. Не е секогаш добредојдена истата. Што ќе ми е надеж кога некој со очи не сака да ме навиди (ова беше пример само, колку да доловам нешто шо кажувам :icon_lol:)
 
Ова за што зборуваш, јас не би го нарекла надеж, туку... шознам... можеби упорност.
Не сфаќам како може баш надежта да те натера да се бориш за она за кое мислиш дека ти припаѓа тебе... Нели надежта е само онаа состојба кога седите и се надевате дека работите ќе се подобрат?
 
Темата не е поставена за да се пишува општо за надежта, туку за тоа дали сме давале лажна надеж. Но кога веќе почна...
Сакам да кажам дека не сакам да се потпирам толку цврсто на надежта, туку едноставно се помирувам со работите такви какви што се, и кога-тогаш се` ќе се среди, се` во свое време. Си верувам во судбина. Што треба , тоа ќе се случи.
Секој во својот живот си има свои разочарувања, некој си се надева на подобро, некој се помирува со ситуацијата, и знае дека некогаш, ако му е пишано, се` ќе си дојде на свое место.

Темата е поставена и за тоа дали си имала лажна надеж а ти велиш дека си скарана со било каква надеж.:)
Не мислиш дека тоа „се' ќе се среди“ е дел од надежта во тебе? Бај д веј, и јас се помирувам со работите но не значи дека не се надевам на подобро.:)

Ова за што зборуваш, јас не би го нарекла надеж, туку... шознам... можеби упорност.
Не сфаќам како може баш надежта да те натера да се бориш за она за кое мислиш дека ти припаѓа тебе... Нели надежта е само онаа состојба кога седите и се надевате дека работите ќе се подобрат?

Надежта е чувство кое исто како љубовта-ти дава сила.Ако не се надеваш дека нешто ќе се подобри-зошто да си упорен? Како може да вложиш труд во нешто за кое немаш надеж? Нели е глупаво да се трудиш а да не се надеваш дека ќе успееш? Тогаш зошто би бил упорен? Не ми е јасно...
Ако надежта ја дефинираме на тој начин, тогаш и љубовта е само обично чувство и е далеку од тоа дека ти дава сила и во најлошите моменти од животот и те тера да се бориш против се'.
 
Ова за што зборуваш, јас не би го нарекла надеж, туку... шознам... можеби упорност.
Не сфаќам како може баш надежта да те натера да се бориш за она за кое мислиш дека ти припаѓа тебе... Нели надежта е само онаа состојба кога седите и се надевате дека работите ќе се подобрат?
Тогаш од што доаѓа упорноста? Надежта не е состојба кога човек седи, плачи, се надева...тоа е состојба кога би требало да се прифатат работите какви што се и да продолжиш да освојуваш, да бидеш упорен а не досаден. Која е смислата за живот кај тебе кога си се скарала со надежта односно се одкажуваш со се што ќе ти се спротивстави?
 
Еееее како може надежта да ја споредуваш со љубовта?!?!
Љубовта се чувствува, се доживува, се дели со некој, и конкретно на форумов има многу теми за љубовта, од типот "Дефинирај ја љубовта..." или нешто слично. Не ја мешај тука надежта, немаат ништо заедничко за да ги споредуваме.
Тоа моето "се` ќе се среди" не е надеж, туку сум си помирена со судбината, значи ќе се повторам од претходниот пост, верувам дека на сите ни е пишано тоа што ќе ни се случи, и едноставно... ќе си се случи кога ќе му дојде време. Значи пак ќе потенцирам: не сум тип на човек што седи со скрстени раце и си се надева дека ќе нема разочарување за некоја работа... Ако може, ќе се потрудам да си ја средам работата, а ако не, си велам дека така требало да биде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom