Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.845
- Поени од реакции
- 23.246
„Напуштете го објектот многу брзо, инаку ќе се случи нешто лошо“- ова е дел од пораката која утрото, откако по меил ја добија десетина вработени, го испразни О.У. Братство Миѓени во Тетово. Испраќачот, со адреса на која пишувало „лудак ретардиран“, во пораката се заканил дека има бомба во училиштетото која ќе ја активира, ако во дворот под дрвото, не бидат оставени 100 000 денари. Испаничени, вработените веднаш пријавиле во полиција и почнале да ги евакуираат учениците од првата смена.
Екипите на службата за антитероризам откако го проверија целото училиште,утврдија дека нема никаква експлозивна направа и дека се работи за лажна дојава.Истрагата продолжува додека не се открие идентитетот на испраќачот и мотивите зошто тоа го направил. Денеска во училиштето не дојдоа учениците од втората смена. Утре наставата во училиштето ќе продолжи нормално да се одвива.