Ламбе Арнаудов уапсен и спроведен во затвор
Поранешниот директор на ЕСМ, Ламбе Арнаудов, уапсен е од полицијата денеска во Охрид, по наредба на судот во Скопје за издржување на затворска казна.
Полицијата ја потврди информацијата.
Изминативе денови МВР работело на лоцирање на Арнаудов, бидејќи тој им бил недостапен на органите на прогонот. Вчера била утврдена точната локација каде се наоѓа тој и денеска биле преземени мерки за негово приведување, велат полициски извори за Нетпрес.
По апсењето Арнаудов бил веднаш однесен во скопскиот затвор “Идризово“ на издржување на казната.
Арнаудов беше осуден за злоупотреба на службата, додека беше директор во ЕСМ Македонија, и тоа за катастарски мерења на објекти на електрокомпанијата. Скопскиот Основен суд 1 му изрече на Арнаудов 4 години затворска казна.