LajTme/Лајтме

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.498
Поени од реакции
85.564
Емисијава...немав појма дека постои се до пред 5 минути. Албанска емисија е (со тек тук македонски ,да се потсетиме во која држава живееме нели) и немам појма на кој канал иде. Немам појма кој е водителов и зашто носи Миле Паника стил али од една изгледана епизода ми фати око. Смешна е, и пред се има топ енергија што ја носат луѓево, и не изгледа тоа воопшто исфорсирано и вештачко. Дел од последнава емисија им е и Марјан попознат како "битолчанецот што правеше стендап". А дали е и во другите епизоди немам појма пошто не им гледав повеќе од таа епизода.

Не дека емисијава измислила топла вода гарантирам дека да го прашаш креаторот на емисијава ќе го каже тоа што СИТЕ ОБИДИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ХУМОРОВ ВО ДРЖАВАВА го викаат "E па ете..со политиката ќе се бориме со хумор. Бара народот. Мора малце сатира да помогне против неправадата и политиката. Само турски серии има и српски шоуа, па ете ние ќе го вратиме хуморот!"

Пред се емисијава ја шерувам пошто ете ми изгледа интересно а никој не ја знае па...ете видете некоја епизода и пишете дали ви вака око

https://www.facebook.com/lajTme/
 
..."E па ете..со политиката ќе се бориме со хумор."...
Ова е грешката на голем број хумористи - тие не се а и не треба да бидат политичари. Во поларизирана средина, а и било каде за да преживеат хуморот мора да им биде универзален и да ја осудува човековата глупост од сите групи и групни хиерархии. На пример, нешто како Дарвинова Награда за секоја глупост, или конкретно друг пример нешто како Монти Пајтон, каде што и јазикот им е глобално универзален, па таргетираат уште поголема публика.
 
Тиња тоа што го видов. Прво и основно нема апсолутно никаква теорија да слушам 80% од времето албански. Второ, го изглеав тоа со Марјан на почетокот, до некаде смешно беше кога му се уклучуеше у муабет ама на крај приказната некако недовршена и се пропадна во вода. После скролав, скролав, пак Марјан се појави во парк, му даов 30 сек, не ме заинтересира, изгасив, избришав cookies/cache/history исклучив компјутер, извадив кабли и го фрлив куќиштето низ п.. океј не.
 
Немаме интересни емисии во државава. Џабе.
 
Јас секогаш сум за тоа да се создаваат нови Македонски телевизии и емисии, но не и Чкљ телевизии и емисии. Во време кога Чкљ организираат протест за да ни ја земат државата, истите треба да бидат забранети да се емитуваат на било каков медиум, па без разлика на тоа каква содржина сакаат да понудат.
 
Вакво нешто имавме на македонски и се викаше Контра Вести одеше на Телма но брзо престана со емитување, а од утре на Телма ќе започне нешто слично со наслов Фчерашни новости и ќе биде со Бранко Огњановски и Васко Тодоров од поранешното хумор трио К15.
 
Вакво нешто имавме на македонски и се викаше Контра Вести одеше на Телма но брзо престана со емитување, а од утре на Телма ќе започне нешто слично со наслов Фчерашни новости и ќе биде со Бранко Огњановски и Васко Тодоров од поранешното хумор трио К15.
А бе добро тоа, ама уште да ми кажеше од која телевизија е ова. Не дека планирам да го гледам али чисто да си знам :D Пошто гледам имаш некои илуминатски извори за телевизииве хаха :D
 
А бе добро тоа, ама уште да ми кажеше од која телевизија е ова. Не дека планирам да го гледам али чисто да си знам :D Пошто гледам имаш некои илуминатски извори за телевизииве хаха :D
Ако мислиш на ова новово Фчерашни новости ќе се емитува на Телма
http://forum.kajgana.com/threads/Фчерашни-новости-хумористично-сатирична-емисија.81103/

А ова Лајме се емитува на Шења телевизија доста нова македонско-албанска телевизија што се појави некаде пред крај на 2015-та година.
 
А ова Лајме се емитува на Шења телевизија доста нова македонско-албанска телевизија што се појави некаде пред крај на 2015-та година.
На ова мислев.

:pos: :pos: :pos:

ШЕЊА ТЕЛЕВИЗИЈА БЕ!

И да сакаа пошиптарско име не можеа да измислат. Алал им вера!

Прв пат слушам, али 10/10 им е имево!

Се надевам мотото им е "НА ВЕСТИТЕ НА ШЕЊА НИКОЈ НЕ КЕЊА!" :LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom