- Член од
- 5 март 2018
- Мислења
- 15.144
- Поени од реакции
- 16.658
Не потценувам ништо, едноставно Меси ве носеше на грб изминативе години, без него сте мид тејбл тим, колку и да ве боли вистината е таа.Јас сакам. Еве во пакет пиво. Премногу форсаш и потценуваш без причина. Колку да е падната Барса не може да падне под трето место, дури и во ваква ситуација. Каква Севиља, какви бакрачи... Тројката на врвот се знае, прашање е само како ќе се подредат.
За синоќа, не знам што толку мудрувате. Нерешено со Билбао во гости не е никаков понижувачки резултат. Со најсилен состав некогаш не победувала Барса таму. Никој не вели дека тимот не е паднат ама дека е на ниво на Билбао или Севиља мало морген тоа.
Едноставно види го составот бе, со Бускетс и Пиќе играте уште, 2021 година. Ја гледам клупата синоќа и не памтам кога имала Барселона толку слаб состав.
Екипите сега ќе ви влегуваат без страв, послободно, го нема најдобриот играч во светот.
Кога играа еднаш со Атлетико, заводи Атлетико и Чоло мукла, никаква реакција, кога го прашаа зошто не се израдува на голот одговорот беше дека го виде Меси како се загрева покрај аут линијата.
Искрено јас не сакам слаба Барселона, следам Ла Лига и сакам конкуренцијата да е во топ форма, ама реалноста е друга.
Единствено нешто шо влева надеж во оваа тажна Барса е Депај, од секогаш го ценам како играч, машина е ама во главата има гости, ќе видиме како ќе истурка до крај.