И после некој ќе ми се смее дека младиве играчи што одат во Реал на крај излегуваат 2 класи послаби.
Треба да им го собериме Одегард
Штета што Хакими не го купивме. Не дека Карвахал е слаб ама мислам дека требаше Хакими да го форсираат како првотимец, сепак свежа крв е. Башка можеше и крило да игра по потреба. Интер да го тужат за грабеж.
Не му е дораснат на Васкец тај Хакими
А Одегард кај ќе игра у Атлетико ?
Не верувам ни таму да се наметне, поготово што он со агентот поаѓале од тоа да биде првотимец (тоа беше и проблемот со Хакими). Во Валенсија, Сосиедат можда, у Атлетико тешко, а у Реал при Модрич/Карвахал у тим, шанса нема.
Знам дека неколку пати имаш пишано за Реал и младите што не добиваат шанса, ама сосем друг е концептот у Реал спрема другите клубови.
Како што и во поголема, реномирана компанија не можеш да влезеш без незнам колкаво работно искуство и триста сертификати, слично би било и овде.
Во Реал, а кај Зизу поготово, владее некоја хиерархиска организираност, најпрво мора да се испоштува старата гарда, ако се здрави без повреди, а младите да си го заслужат местото.
Плус притисокот е преголем, се очекува секоја утакмица било со куп, лига или Европа да биде победена. И најмалку што потпаѓа под тој притисок е некој со големо искуство, исто ко и во секоја друга професија.
Одегард изигра у стартот неколку утакмици, не покажа ништо посебно со што ќе влезеше автоматски како прв играч на таа позиција. И одма се укапира дека барем уште годинава неможе да се носи со Модрич.
За Јович имам друго мислење, и тактичко е прашањето тука, (освен она организационо, Бензема прв кога е можно тоа) можеше Зизу минимум и со два шпица да игра кога не му идеше на Бензема, и на навалата углавном (а гледа мн слаб е со голови тимов годинава). Немора да се форсира постојано секоја утакмица и кроз целата утакмица 4-3-3.