Од кога ме фатија во швалерај при крајот на ланската година, онака послабо се гледаме ама коа ќе се видиме квалитетно. И така на скришни местенца се гледаме со не многу луѓе и ретко ја менувам за некоја друга. Добро кога ќе ја нема одам со друга, тоа си е општо проста дешавка. Сеа почесто ја сакам до мене, а и таа ме бара и како да не ме бара кога ја сулавам ко ќе е со мене. Некогаш и со пивац уз нас, а секогаш е со благо и некој густи сок. Убаво ни е. И лани ни беше ама тогаш во гужви бевме со многу луѓе како што кажав. Сеа само ние двајца и после секој по свој пат. Некогаш и дома ја наоѓам кај мене наутро пред да одам на факс. Можда затоа не сум ојден добро време на предавања. Во иднина сакам онака по отворени да бидиме и да не не замараат некои луѓе и секаде да ја носам со мене без да ми се ствара параноја. Битно на двајцата да ни е убаво. Можда и ко ќе се женам за некои 10 години да ја барам да се видиме, ќе видиме тоа. Сакам само да кажам дека ни е најубаво на целиот свет и покрај еден тон проблеми останавме заедно. 3 или 4 години од кога прв пат ја запознав, само нека ни се множат.
Те сакам mary jane.