Девојко, ваквите ко тебе, со ваквиот ( навлезен длабоко во минус ) начин на размислување се причината за моментот Развод, растурени бракови, семејства, пореметено детство и низа други деструктивни нешта што егзистираат во животот а веруј ми, не се пожелни ...
Човек со импотентна амеба у глава може да ти го даде одговорот кој ќе ти ги разреши сите дилеми, а тоа е ставање крај на оваа ' врска ', едноставна работа која нема потреба да ја комплицираш ( иако тоа е карактеристика кај голем број на луѓе ), па уште и прашуваш, човече, се прашуваш за нешто што нема иднина, нешто што не постои и нешто што никогаш нема да постои, тука всушност у некој утопичен свет не треба да има дилема, не треба да има две опции, ова да направам или она да направам ...
Твое е да одлучиш, дали ќе ставиш крај на нешто што всушност и не постои, или ќе ја направиш најголемата грешка во твојот живот од која ќе произлезат низа други енормни проблеми во иднина, размисли малце, што би имало тука поголема тежина во случај кога крајот е неизбежен и е единствена опција која е прашање на време само кога ќе се случи, дали сега, или подоцна.
Дали сега ќе го повредиш, или утре, сеедно, ко што реков, тоа е НЕИЗБЕЖНО, претпоставувам возрасна си чим правиш муабет и за верење, па срамота е да ти црта некој во која ситуација на неизбежното ( крајот ) типот повеќе ќе пати, а и ти аналогно на фактот што размислуваш за верење а под дифолт тука доаѓа и семејство ( со твојот стил на размислување и одовлекување на крајот и до таму ќе стигнеш ) и триста други пропратни работи. :smir: