Мислам дека најдобро би било да се разделите. Очигледно е дека немаш доверба во него, па едноставно би те прашал зошто продолжуваш да се измачуваш самата себе и да го измачуваш и него?! Девојко, поентата во љубовта е момчето и девојката да уживаат во секој заеднички момент

. Факт е дека тој те изварал и дека ти си го направила истото. Уште поголем факт е дека да имало љубов помеѓу вас тоа немало воопшто да се случи. Ама, што било било. Типот згрешил, се покајал и сега буквално те ставил на пиедестал. Тоа што сега не можам да го сфатам е фактот што ти максимално ја користиш таа позиција(плус и фактот што се лигави пред тебе) и брутално го газиш докрај, а пред нас тука се претставуваш како жртва.
Па, добро, девојко. Што има врска доколку излегол на кафе со бившата?! Зарем не можат да останат пријатели? Зарем тој нема право да контактира со некоја друга девојка? Размисли малце:wink:. Откога мал флерт или кафе муабет се смета за варање? Доколку стварно немаш доверба во него и намераваш да продолжиш со истото поведение, тогаш направи му услуга и раскини му дефинитивно:wink: