Нека и бутне јазик у грло за да неможе ништо да рече. :wink:
 
 
	
		
	
	
		
		
			Со една девојка веќе 4 години учиме заедно средно,а се знаеме повеќе од 10 години бидејќи сме семејни пријатели.Пред 10 дена почнав да се заљубувам во неа кога бевме на екскурзија од гимназија низ Југославија,а таа не го знае тоа дури и јас не знаев што се случува со мене зашто кој и да и се приближеше од машките јас веднаш го бркав од собата и не се одлепив од неа.Подоцна сватив дека сум се заљубил во мојата најдобра другарка од детството и од тинејџерството.Со неа делев се уште од мал и си ги знаеме сите тајни,дури се запишавме во исто школо и седиме веќе 8 години заедно.Ако им откријам нема да ме сфати сериозно бидејќи ме сака ама како брат.Исто беше и со мене ама сега веќе почнав да ја избегнувам зашто не можам да одолеам.
Ако му се случило на некој нешто такво чекам одговор:smir:
 
и совет што да правам
		
		
	 
 
 
Сдс :icon_roll, кхм... вака. 
 
Мојата интуиција ми вели дека слично на тебе размислува и девојчето.
 
Првин анализирај малце, дали она го пренагласува користењето на зборот “Брат“ во обраќањето кон тебе, дали го акцентира строго “пријателството“, дали ти дозволува да бидеш малце поинтимно близок со неа...во смисла да седите прегрнати, дали има обичај за нејзините симпатии-дечковци тебе да ти раскажува (лош знак), и според мене најважното.. како она се однесувала кога ти си имал 
девојка?
 
 
Болката и ризикот е што се знаете од мали, сте се приврзале премногу и сега кај тебе почнува да се оформува оној заштитнички став кон неа, бидејќи вие пораснавте а ти сепак би сакал да ја задржиш само за себе.
 
Затоа преиспитај се и себе, дали вистина ја сакаш или претпоставуваш..се залажуваш. 
Не се сомневам дека се сакате како другари, меѓутоа дали би функционирале како пар?
 
 
Да сум јас, откако би ја преанализирал вака ситуацијата, сигурно би пробал да и се приближам.. и малку по малку да ја преминувам границата, би почнал со комплименти(ненаметливи), со прегрнување, прошетки-ситуации на само, играње со нејзината коса, до некои идеализирани муабети за љубовта, се' додека не проценам дека е веќе “безбедно“ да ја пољубам, односно да пробам да ја пољубам.
 
Погубно би било доколку она се збуни и изреагира непредвидливо, па во тој случај ќе мора веднаш да ја седнеш и машки да исфрлиш се' од себе, да и го кажеш сето ова и своите чувства.
Па другар, после веќе се зависи од неа.
 
Ти најважно не си испаднал коркач пред самиот себе и си се борел за својата љубов.