Вака сеа има една девојка што ми се допаѓа многу, го знае тоа и го имам кажано на почетокот не ми веруваше мислеше дека се зезам ама потоа свати дека е вистина... Проблемот е во тоа што мн е таинствена не е отворена, како да се прави некоја "тешка" женска... Неможе да се најде прилика точна прилика за таков муабет.... МН паметна е како да не се дава така лесно.... Но има уште нешто, до пред неколку месеци ми кажаа дека мн брзо ги менувала момциве, а сеа наводно била потсмирена....
Мислење за ова...?
Си и` кажал? Добро. Реагирала позитивно? Не баш? Барај друга.
Ако е паметна колку што се смета дека е, таа ќе ти пријде, посебно што сака да си ги менува момците. Можеби ти ќе бидеш еден од нив?...
А ако не си, немој да ја чекаш, бидејќи таа сигурно не би те чекала, ако веќе си ги менува момците.
А ако се потсмирила, почни ти да ги менуваш девојките. На тој начин ќе си набиеш маркетинг во своја корист и можеби ќе станеш поинтересен за неа.
ми се свиѓа еден колега (од група на факс)..... сеа ни почиња втор семестар и уште не се знаеме сите добро. со него праам муабет онака чад пат и ми приоѓа само коа има да ме прaшa нешо у врска со факс....
што да правам? како да му пријдам, да му покажам дека го свиѓам без да излезам мн нападна??

добро би ми дошло некое советче.... :icon_bigg
Кога ќе те праша за факс, речи му вака: „Чуј, сега сум во гужва, треба да излегувам. Тогаш-и-тогаш ќе бидам во град, па дали сакаш да се најдеме во тоа-и-тоа место, во толку-и-толку саатот, за да поразговараме за тоа?“
Ако каже да, кога ќе се најдете, гледај да седиш поблиску до него и онака случајно да дојде до контакт меѓу вашите раце, нозе... и останатото.
Уф иста случка како на Херкулес ми се случи пред 2 дена и девојкава ми рече ајде да почекаме да видиме дали ке биди нешто меѓу нас. А многу ја сакам па така да незнам што да правам и ги искажав сите чувства, а таа продолжи другарски да се однесува како ништо да не било. Како да и приидам пак ама да не е нападно колку минатиот пат затоа што се се случи на брзина и незнам сега како пофторно да и приидам и да и докажам дека навистина ја сакам и дека се би направил за неа.:uvo:
Идниот пат, другарски гушни ја и бакни ја во образот или челото.
Нека помисли што би можело да има понатаму и што таа пропушта. Па ако навистина не сака со тебе, значи навистина не те сака. А ако има макар и најмала трошка на вистинско другарство и вистински интерес, ќе посака да истражи понатаму.