Јас на твое место,ќе си продолжам со дечкото,а другарот ќе ми остане другар.Барем додека одам со дечкото.
Ја би обратно.
Повеќе од очигледно е дека ти не го сакаш дечко ти. Што барате заедно година и пол, за кое време ти цело време си заљубена во другаров, е друга работа.
Стај на вага, ама не со варање, ко што ти предложи Армин.

Јас однапред те уверувам дека повеќе си наклонета кон другарот отколку кон дечкото.
Тоа што дечко ти те сака и не сакаш да го повредиш е само отежнувачка околност, а не и пречка. Ако сакаш да поднесуваш жртви и да си патиш во себе, продолжи со дечкото. Ако сакаш возбуда и конечно задоволување на желба што ја имаш веќе 2 години, прекини со дечкото и дај му шанса на другарот.
Е сега, ризик јак, мила душа, ништо не е совршено. Имаш 2 можни ризик исходи:
1. Ќе собереш сили да му раскинеш на дечко ти, и конечно му се отвараш на другарот за се што си му мислела. Но, тој е изненаден и те гледа само како другарка; гласините не биле точно. Бившиот нема шанси да те врати назад зошто има барем трошка гордост, и ти остануваш сама, без дечко и без другар.
2. По раскинувањето со сегашниот дечко, се сплеткуваш конечно со другарот. Двајцата задоволни, бившиот повреден. Ама по некое време нешто ќе почне да ти пречи и ќе воочиш дека врската со новиот не ти чини и дека сакаш да му се вратиш на стариот. Му раскинуваш на другарот, сакаш да се смириш со бившиот, ама тој не сака да те прими назад. Остануваш сама, без дечко и без другар.
Искрено се надевам дека ниеден од овие исходи нема да ти се исполни.
Ти размисли си со твоја глава, батали не нас тука што си трачариме туѓи проблеми. Гледаш, Крејзи едно, јас друго, Армин трето... Сама мораш да си ги решиш проблемите.
И извести не` за исходот, откако ќе завршиш работа :helou: (се плашам да не испадне некои од моиве, па на душа да те носам

)