Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Абе океј во право си, само не ми е јасно шо се деси.. тоа ме интересира, понашањето зошто наеднаш се смени.. :confused:
Тоа прашање го мачи човештвото милениуми уназад. Што уствари се деси? Едино друго прашање покрај "што" e "зошто". Битно е да сфатиш дека нема да го добиеш одговорот, и тој да ти го достави нема да е реалниот за да не те повреди, така да останува најзаебаната варијанта, мисли и нагаѓај, џабе.
 
Абе океј во право си, само не ми е јасно шо се деси.. тоа ме интересира, понашањето зошто наеднаш се смени.. :confused:

Дознал дека татко ти не е директор.
 
Ај да си ја кажам и јас маката овде на Кајгана љубовен психолог.
И ве молам без тролање, разбирам на некој можеби му е смешно ама сепак обидете се да се воздржите и ако не барем ставете се на туѓо место малце.. Знаете како велат, секој човек различна болка.. На некој тоа можеби му е чудно и тешко а пак за некој друг тоа е обична глупости.. значи муабетот ми е сакам искрени одговори без тролање..
Јас знам да делам совети експерт сум уште диплома ми фали ама кога доаѓа ред на моите проблеми е тогаш се ми е каша попара.
Ај да не го тупам многу туку да почнам..
(Знам дека одма ќе прашате, девојче колкава си еве ќе ви кажам 19 имам и дотичниот за кој ќе расправам исто така)

Се запознавме што се запознавме, излеговме да се запознаеме уште подобро нели во живо како што е редот, на кафе и тоа.. Детето паметно се океј.. или барем така мене ми изгледаше или ми се претставуваше.. Не е некој шарлатан, туку онака како и секое машко.. сака да си се прави кој сум јас на моменти.. Не е женкар иначе, немал женска до сега.. само неколку мувања.
Уште од одма имаше хемија, значи исти вкусови, мислења, баш сродни души
Што е реткост кај мене пошто многу ми е битно да се согласувам т.е. да имам исти интереси со некој од спротивниот пол со кој би сакала нешто повеќе. З
Одма ме праша на што сме, јас изреагирав онака искулирано како да ми е сеедно.. Баш глупо од моја страна али јебига.
Тој возврати дека најдобро е за почеток да биде опуштено за да се запознаеме уште подобро.
Теравме така некое време, немаше никакви проблеми.. Јас се понашав искулирано, не сум тип кој досаѓа многу затоа и не го барав тој ме бараше најчесто.. Се дешаваше и јас да пишам понекогаш еднаш два пати ама ретко. Одеше накај подобро, дискусиите не ни беа празни муабети туку си разговаравме како другари за се и сешто..
А пак другарите од негова страна, и од моја исто така сите знаеа за нас само што не беше јавно нели.. Се деси што се деси, типот одеднаш исчезна, пуф, абракадабра.. Ни да се јави ни да пиши, го побарав.. се океј нормален муабет, го сретнав неколку пати пак муабет нормален.. Немаше ладен однос, ништо од тоа..
И после пак истото, испари.. го снема. Другарките ме с'скаја.. побарај го пак види што е работата.. А мене ич не ми се праеше ќефот, не барам машко прва па светот да се руши, јас со женска гордост до небо крената.. ама пустото ме пецкаше сакав да дознаам што е работата таква сум по природа љубопитна дури не откријам кај лежи змијата не се откажувам.. И пак истото го направив си реков ебате гордост, и муабет запре на тоа дека имал проблеми, па те јас сум била крива оти сум го игнорирала, па си викам ти игнор и јас игнор (во себе ова нормално). Али ајде..
После тоа стагнирање, ништо ново..
Си излегував си шетав за да заборавам некое време со едно дете одамна ми се пушташе, онака чисто другарски од моја страна ама од негова изгледаше очигледно како да има нешто меѓу нас, таков си беше тој навалуваше многу, и овој (бившиот ќе го речам) кога не виде се здрви.
Го среќавам често се движиме на горе долу исти места, стално поглед фрла.. ама на тоа останува.
За друга да има чисто сумјам, не е некој да се онесвестиш од убавина.. Скоро и незаприметлив.
Каде пропадна хемијата сеуште не ми е јасно.. Барем да одговор да имаше некаков..
А ќе речам не е таков тип да си игра топло ладно, пошто сум била со таков и знам убаво што е некој да те заебава .
За овој конкретно немам никаква дијагноза, зачудена сум..
Ајде психолози напаѓајте :cautious:
Можда ќе ти звучи малку како клише, али направи го ти тоа што го мислиш и што го чувстуваш.
Ок што си побарала совет, али твојата нека биде последна.
Не сте на ништо сериозно, така да што и да прашаш/направиш нема да биде крај на светот ни за него ни за тебе.

Грешка ти било тоа што си ''глумела'' незаинтересирана, ако било намерно, нормално.
Можда кај некого пали тоа да се прави некој недостижен, можда кај некого не, али мислам дека нема потреба од такви игри и читање на мисли.
Едноставно прави го тоа што сакаш да го направиш, ако сакаш да му пишеш, пиши му. Ако сакаш да му се јавиш, јави му се. Гледај да не се воздржуваш од ништо.

Ако мислиш дека би можело да има нешто повеќе или ако ептен ти се сфиѓа типот, седни го уште еднаш и кажи му најискрено да ти каже што е, дали ти се лути ради тоа што си го игнорирала, дали стварно има проблеми.
Ако мислиш дека е само пропатна станица, батали го.

Тоа е само мое мислење. :)
 
Абе океј во право си, само не ми е јасно шо се деси.. тоа ме интересира, понашањето зошто наеднаш се смени.. :confused:

а шо те боле искрено шо се десило кога очигледно ти си сакала внимание од него ? убаво те прашал на шо сте ти си била ладна.

шо сакаше да те полева со топла вода да сватиш или.....
 
Абе океј во право си, само не ми е јасно шо се деси.. тоа ме интересира, понашањето зошто наеднаш се смени.. :confused:
„Што се деси... ооо што се деси... “
Ќе се прашуваш и ќе се прашуваш до крајот на животот. It`s good, ain`t it? Мислам чувството кога губиш од контрола нешто што би можело да биде нешто повеќе. Чувство на вина најпрво кај себе, но никако да си признаеш дека немањето муда да мрднеш малку понатака не успеало да доведе до поблиска средба.
Е па тоа е. Прашувај се, додека Мате (така ќе го крстиме бившиот, иако... немало нешо сериозно како што викаш па да ти биде некој дечко) ќе си бара друго либе. Сеа да, и нему ќе му навираат некад тие мисли демек зашо не напраил нешто повеќе, па и нему би му пишал истово што ти го пишав и тебе.
Башка тука иде и 19 годишна млаѓарија со тендендции за врска од повеќе години. Прво што им припишувам на таквите е дека грдно ќе се разочараат во животот после, бидејќи на 23 години кога врските доживуваат крах бидејќи созревањето го почнува својот нагорен процес (секако има и исклучоци) со очите широко отворени и со нозете веќе цврсто на земја, лека полека ги удира и животот наречен егзистенција.
 
Ај да си ја кажам и јас маката овде на Кајгана љубовен психолог.
Одма ме праша на што сме, јас изреагирав онака искулирано како да ми е сеедно..

Ова у превод у негова глава било “епа чим неа и е свеедно онда и ја ќе се поставам исто така, боље тоа него да се испозатрескам и заебам“


Се дешаваше и јас да пишам понекогаш еднаш два пати ама ретко.

Значи во негови очи си делувала релативно незаинтересирана (со право). Разлог повеќе он да се лади.



не барам машко прва па светот да се руши

Ооогромна грешка која покажува колку си уствари незрела. Ова нема апсолутно ама баш никаква логика - значи сакаш он да те бара и да ти дига его со неговото обрнување внимание, ама ти недајбоже да се фатиш за телефон и да го прашаш како е/што прави. Епа неќе моќи.


и муабет запре на тоа дека имал проблеми, па те јас сум била крива оти сум го игнорирала

Точно. Си се понашала како топ10 идиотски совети од Космополитен, решил чоекот да не се замара со тебе. А ако си му се јавела ( ко секоја нормална особа што знае зрело да комуницира со друга) а не си чекала он да сврти, па и ќе си дознаела дека имал проблеми и што е фрката. Кога гледал дека ти е свеедно, нормално дека нема да се отвори и да ти каже што му е/те замара со негови проблеми за кои сметал дека си незаинтересирана.

Каде пропадна хемијата сеуште не ми е јасно.. Барем да одговор да имаше некаков..

Пропадна во твоите лоши Космополитен моменти ( не му се јавувај прва, чекај да му зафалиш па он да ти се јави, нека те брка он и слични идиотарии), човекот решил да move on.

пошто сум била со таков и знам убаво што е некој да те заебава .

Абе готово, имаш 19год. , си била со еден-двајца такви и готово знаеш све за мушка психологија. Kога самата не си увидела какво било твоето понашање со него па сега уште се чудиш и прашуваш зошто го снемало.... Имаш ти девојче уште многу бунари вода за пиење.

TL;DR grow up.
 
AceCaleb, TheWhiteMamba, Saladin, mrlogic

Фала ви на тоа што одвоивте време да ми ја прочитате маката и секако фала ви на советите.
Испадна баш како и што мислев.. Кој е крив? - Бранко е крив!
Секако јас.. Ете сега нема назад, биднало што биднало.. Заклучок - Глупа сум, и знам како поќе да не правам.
Само ми е жал што си испуштив златна прилика, али изгледа ете не ни било судено :facepalm:
 
Се запознав со девојка родена во Белград што сега живее овде 2 недели се гледавме почна да ми вика дека многу се приврзала за мене дека не може без мене како премногу ме сака и се тоа убаво го докажуваше, еден ден требаше да одиме на кафе, ми се јави пола час порано и ми откажа. Ми рече имам фамилијарен ручек ќе се видиме вечер. Без проблем прифатив и излегов со другарите на кафе, у меѓувреме ми се јавуваат дека ја виделе на автобуска, јас влегов у кола и право таму. Од далеку ја гледам чека некого. Пристигнува автобус и излегува од задната врата еден дечко со торбица, она цела пресреќна се залетува кон него го гушка и едно 10тина пати го баци у образ јас нормално се изнервирав од немај каде се залетав 2 тупаници на пријателот и скокнаа од обезбедувањето не раскачија.. У цела збрка слушнав само: Шо ти тебе е бе животно братучед ми е... Еве веќе 3 дена не ми се јавува, нејќе да ме погледне... Пробав да се извинам ми рече само не ми се појавуј пред очи и ми исклучи.. :( Што да правам ?
 
Нема шо да правиш. Си се посрал. Сега треба да лижеш. Ако сакаш да се папучариш. Не верувам оти ќе ти го прости понашањево. Те видела у некое друго светло цурава и сфатила оти не сака да биде со некој импулсивен и агресивен.

Совет за друг пат.
Не избрзувај со заклучоци и смири си го темпераментот.
 
Тоде, нареден пат извади му безбол палка, а на девојката ждригни и у фаца и дома кога ќе отидеш удри го од плочки два пати, за на крајот од денот да речеш, курва е.
А можеш и 7-8 ракии да стегнеш за да ги избегнеш погорните драми.
 
Ми рече имам фамилијарен ручек ќе се видиме вечер.

У цела збрка слушнав само: Шо ти тебе е бе животно братучед ми е...

Се поклопила причата.
Цурава нема ни збор више да потроши на тебе, а камоли да ти прости и продолжи да се гледа со тебе ... ако има памет у глава.
 
Збогуј се со неа.
Јас да би била во таква ситуација (на девојчето) не би те погледнала и дури малку би ме фатило страв од тебе.
Побогу, малку време се знаете и ти се избацуваш со тупаници кон братучедот нејзин. Чекај бе, дечко ми со кој сум 4 години тоа не би го направил не па ти.

Си сјебал шо си сјебал, јебига.
Тргни се од неа, мислам дека нема да ја вратиш.
 
Се запознав со девојка родена во Белград што сега живее овде 2 недели се гледавме почна да ми вика дека многу се приврзала за мене дека не може без мене како премногу ме сака и се тоа убаво го докажуваше, еден ден требаше да одиме на кафе, ми се јави пола час порано и ми откажа. Ми рече имам фамилијарен ручек ќе се видиме вечер. Без проблем прифатив и излегов со другарите на кафе, у меѓувреме ми се јавуваат дека ја виделе на автобуска, јас влегов у кола и право таму. Од далеку ја гледам чека некого. Пристигнува автобус и излегува од задната врата еден дечко со торбица, она цела пресреќна се залетува кон него го гушка и едно 10тина пати го баци у образ јас нормално се изнервирав од немај каде се залетав 2 тупаници на пријателот и скокнаа од обезбедувањето не раскачија.. У цела збрка слушнав само: Шо ти тебе е бе животно братучед ми е... Еве веќе 3 дена не ми се јавува, нејќе да ме погледне... Пробав да се извинам ми рече само не ми се појавуј пред очи и ми исклучи.. :( Што да правам ?
Тоде, Тоде, што те боде? ЕЕЕЕЕЕЕЕ, паметот те боде Тоде.
Ти бре, кажи искрено дали некогаш си размислувал за изневерувањето, како доаѓа до тоа, кој е крив и сл? Очигледно НЕ. Мувачот/швалерот/швалерката никогаш не се криви!!! Значи остануваат или тој/таа што мрда на страна или изневерената особа. И во 99% крива е изневерената особа. Се извинувам на ретките случаи кои спаѓаат во тие 1%. Зошто? Размисли Тоде, размисли. Да не ти даваме се на тацна. И сам да дојдеш до некој заклучок.
А за девојчето, ..... готово е!!! Си се заебал. И од ова што си го пишал, сигурен сум дека ќе се заебеш уште многу пати во животот. Ќотекот решава други проблеми и работи, но со насилсво никогаш во врска нема да ги решиш проблемите. Па уште помалку ако се работи за швалер/ка.
 
Од моментот кога си посумњал во неа, врската (потенцијалот) има отидено вртоглаво надоле.
Се` друго е причинско последична реакција. За кој како.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom