





Да, да, навистина не знам што да правам со сите тие 30 покани за пријателство секојдневно што ми стигнуваат.

Цел ден само во тоа ми се состои, да бројам нотификации и лајкови. Не само јас, сите женски на планетава.

Како ги преувеличувате работите на форум, ама буквално секогаш, тоа никогаш нема да ми биде јасно. Секогаш ги правите работите така да излезе дека вие сте напатени душички, а ние аждаи и вампири што цицаме крв.
Лајк на пост или статус не значи дека некој сака да комуницира со тебе, туку дека му се допаѓа тоа што е постирано, на пример. Не знам, веќе долго време слушам и читам муабети за тоа како лајковите се мерило дека некој сака да прави муабет или дека некој некого свиѓа. НЕ! Лајкот е за постот, сликата и слично. Навлагате во такво тупење, што веќе немам ни коментар. Да му е страв на човек да лајкне нешто у бестрага, одма другата страна ќе си направи некој филм. А тоа уствари си скролал додека ти било досадно и си стиснал лајк. Јас некад бре ќе видам некоја песна, ќе ја лајкнам, па тек после гледам кој ја постирал. Како се замарате со мислење на такви работи, не ми е јасно.
Друго, ако некој ти пише и ти вратиш, не значи дека се кова вонсвемирска завера за да се деси нешто, едноставно си направил муабет со некого. Некому било досадно, видел некој што е онлајн и пишал. И тука такви драми за НИШТО. Фејсбук не е мерило за нечија комуникација. Ако некој ти пише Здраво, како си?, не значи дека ја побарал другата страна да му биде животен сопатник.
И ако и прави муабет на Фејсбук, а во живо не, тогаш што тоа ти кажува? Фејсбук не е реалност, Фејсбук е за тепање време и фалење со слики од одмор и бебиња. И музичкиот вкус.
Паранојата е страшна работа, посебно во врска.
Ти знаеш ли бе колку девојчиња напишале нешто некому на Фејсбук, па добиле само seen? И лаење по град колку е таа залетана за него и дигање акции? Не глумете светци. Не генерализирам, не сакам да генерализирам, само сакам да престанете да ги претставувате жените ко вештици, кога има мажи кои се подеднакви еготрипери.