Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Лесно е да сме среќни кога имаме возвратена љубов, ама преживеј кога не оди... е тоа е воин.
Ova ti vredese druze ....
p.s. Administratori ke gi zamolam da ne go brisat boldiranoto, posto na mnogu luge im fali ova u zivot, neka se vodat vo zivotot so ova ...
 
Како се преболува девојка која ја сакаш.на која мислиш постојано,за која неможеш да помислиш ништо лошо??
Како да погледнам друга девојка кога сите ги имаат нејзините очи??
Како да се семам кога,кога и да сакам да го направам тоа ја гледам нејзината насмевка?
М? Некој?

Не разговарај со никого за неа. Не ја спомнувај, заборави и го името.

Почни да работиш нешто или фати се за книга, набиј си обврски и постави си реални краткорочни цели, и да видиш колку нема да имаш време да мислиш на неа. Истоштувај се физички, и пред да заспиеш нема да ти се појавува нејзиниот лик пред очи пошто ќе бидеш онесвестен.

Можеш да пробаш со финтата стварање условен рефлекс - кога ќе помислиш на неа штипни се јако до болка или мавни си јак ластик. Ова не е проверено, ама го предложувам чисто како агресивна метода пошто ми се чини дека таква бараш :)

Гуд лак!
 
Хехехе...Совети на кило. Фала на сите у секој случај,ама.....:)
 
Не ,не беше реторички.Само што вака изгледа како и секоја друга слична ваква приказна а уствари не е.
 
Треба да решиш да ја заборавиш. Малце глупо звучи али не треба да се залажуваш со тоа дека некогаш пак би бил со неа, на пример или нешто слично. Претпоставувам немаш контакт со неа и немој ни да имаш. По никоја цена. Да не си додаваш сол на раната. И нормално дека време треба... Не мора да бараш од себе да ти помине одма.
 
~*~

Треба да решиш да ја заборавиш. Не мора да бараш од себе да ти помине одма.

Не е дека нема да ја заборави, проблемот е што во периодот додека ја заборава.Не можеш едноставно да се решиш некој да го заборавиш, знам по себе дека иако сум страшно ладнокрвна, ништо не покажувам и се негирам, кога ќе ги склопам очите колку и да сум била утрото решена се да оставам зад себе и да продолжам да живеам без таа личност, повторно е пред мене.
Како тогаш да ги сопреш солзите или како да заборавиш додека тоа што треба да те одмори, те обвиткува со очите на таа личност која што толку силно си се трудел да ја заборавиш.
Едноставно се треба да се остави на времето, но што до тогаш?

Само лажна насмевка на лицето или клин со клин да се избие, но со текот на времето, колку емоциите кон луѓето потешко ги добиваме, уште потешко ги губиме и стануваат длабоки и важни, клиновите губат на важност, а насмевката станува константна.

Не се труди да ја заборавиш, така само уште повеќе ќе се сеќаваш на неа.Иако не бараше совет, мислев дека моето искуство иако сум помлада би можело да ти користи за нешто.:smir:
 
Кој може да ми даде стручен совет со ПП ... дека незгодно ми е проблемов да го пишам пред сите :):smir:
 
Е сега незгодно :toe: тука сме за тоа,а и темата е нали за тоа ама ај нека ти биде...се извинувам за оф топикот :smir:
 
не не фала брат ! :) anybody else?!

Или пиши го проблемот или воопшто не пишувај на темата. Пиши ПП на некој, ама не ја трупај темава.
Секој нареден пост кој нема да биде проблем или совет за проблем, ќе биде избришан.
И без натегања од типот ајде пиши. Ако му се пишува, нека го пише, ќе го посоветуваме. Ако не, добро.
 
му пишав на тој шо го сакам дека го сакам.. прво мислев на заебанција после станав сериозна.. и на крај игравме в/п викам кажи некоја тајна нешо шо мн малку знаат... ми вика... епа ја знаеш.. мојата тајна... ја сакам ***** ... ќе се убијааааааааааааааааааааааааам
кокошка глупаааааааааааа сум
 
Извини, ама, зошто воопшто се замараш?
Типот е заљубен во друга, нема сигурно да си играте крижи-мижи, има милион и еден на овој свет, сигурно има некој што нема да ти пише во порака дека е заљубен во друга. :)

П.с. Злато, на 13 сигурно не го сакаш толку многу.
 
Не е дека нема да ја заборави, проблемот е што во периодот додека ја заборава.Не можеш едноставно да се решиш некој да го заборавиш, знам по себе дека иако сум страшно ладнокрвна, ништо не покажувам и се негирам, кога ќе ги склопам очите колку и да сум била утрото решена се да оставам зад себе и да продолжам да живеам без таа личност, повторно е пред мене.
Како тогаш да ги сопреш солзите или како да заборавиш додека тоа што треба да те одмори, те обвиткува со очите на таа личност која што толку силно си се трудел да ја заборавиш.
Едноставно се треба да се остави на времето, но што до тогаш?

Само лажна насмевка на лицето или клин со клин да се избие, но со текот на времето, колку емоциите кон луѓето потешко ги добиваме, уште потешко ги губиме и стануваат длабоки и важни, клиновите губат на важност, а насмевката станува константна.

Не се труди да ја заборавиш, така само уште повеќе ќе се сеќаваш на неа.Иако не бараше совет, мислев дека моето искуство иако сум помлада би можело да ти користи за нешто.:smir:

Можеш. Ако имаш лажна надеж дека нешто пак ќе се случи со некој, тогаш не си ни почнал со заборавање (преболување, да не го мислиш веќе, а не во буквална смисла да добиеш амнезија за некого!?:)). На тоа мислев.
 
Знам на што мислеше, но едноставно не можеме да се натераме сами себе да заборавме нешто, освен ако тоа не се случи по природен пат, кога емоциите ќе бидат избледени и ќе дојдат нови, кога сите сеќавања ќе се претворат во спомени.
Лажната надеж ... не е нешто со што треба да се справуваме, туку нешто со што се учиме да живееме, без непотребни борби, само уште една коцкичка + на која треба да и го најдеме местото.
 
Jа не се слагам дека лажната надеж треба да ја чуваме во себе, уште помалце дека треба да се учиме да живееме со неа. Ама добро, твое мислење. :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom