Не сакала ништо повеќе со мене, ништо!!!!!!! Ништо не сакала повеќе, ништо не сакала!!





Нашето морало еднаш да се заврши, а одговор не дала зашто немало потреба од тоа, не била врска па да ја раскинуваме. Не ми должела објаснување како што јас никогаш не сум објаснувал кај сум, со кого и што правам. Мој проблем било што не сум можел да сфатам дека не била повеќе заинтересирана. И се здосадило да трча по мене, не сакала веќе да губи време. И реков дека можеби се имам заљубено и не мора веќе да бидат средби туку така можеме поозбилно да се обидеме. Многу било болно за неа таа наша врска, јас сум бил ладен и не сум ја почитувал, не ме кривела мене што не сум ја засакал туку сум немал почит никаква. Сум почитувал секакви девојки и сум молел за трошка внимание а неа сум ја газел а се правела за мене. Дури и 300 евра ми пратила за да ми се најдат за факултет, а не ми кажа тогаш дека се од неа.

Чекала одговор на мои пораки со денови а за други девојки се сум правел. Така рече таа!!! Не сум бил должен да ја сакам, но заслужила почит. Се извинив за се. Да, јас бев слеп тогаш. Што да правам ве молам помогнете ми, зарем вака се да се заврши, ве молам нека ми помогне некој. Знам патетичен сум, се брукам, како тинејџер плачам но што да правам. Јас не сакам веќе да го живеам овој мизерен живот, овој животтттт е никаков и ништооо е овој живот!!!!!!!! Овој живот е ѓубре!!!! Како да живеам јас сега? Не заслужуваат ли луѓето втора шанса ? Не била повеќе заинтересирана. Сакала крај да стави на се. И нудам сега врска, зарем да ме сакаше ќе се откажеше ? НЕЕЕЕЕ !!!! Не сака. Не ме сака. И се имам згадено сигурно. Многу ја сакам, сакам да ја вратам, но како ? Да оставам да помине некое време, па да ја барам пак да почнеме некако поинаку без да збориме за минатото, да го избришеме како да не постои. Да почнеме вреѓајте ме, брукајте ме, најмалку ми е важно во овој момент. Ништо не ми е важно!!!!
http://www.youtube.com/watch?v=znvqF7DDrzM