Имаше ваква тема, ама ај ќе ја оставам оваа засега па нека си ги спојат модераторите подоцна ако сакаат.
Постои некоја платонска нереална љубов што повеќе мислам дека е залажување отколку нешто реално. Е сега има различни примери ... ако се работи за љубов меѓу двајца кои се познаваат ... може да е вистинска која ќе ја одржуваат додека не се заедно некој период.
Ако се работи за љубов помеѓу двајца кои не се познаваат апсолутно не е тоа ништо ... едно е да живееш во некоја своја бајка со своја родена замисла за човекот од другата страна, а друго е кога ќе го запознаеш некогаш колку тоа ќе е така. Да не должам многу ... воопшто не верувам во таква љубов (вториот пример) ... апсурдно ми е.