Љубов кон другар/ка од класот..

  • Креатор на темата Креатор на темата Jordan Rudess
  • Време на започнување Време на започнување

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Дали ви се случило нешто слично? Дали се случило да се вљубите или барем да се појавиле некои симпатии кон другарот/ другарката од класот/одделението?
Мене ми се има случено. Така ми се допаѓаше едно девојче од одделението .. Сега кога размислам подобро, мислам дека исто така и јас сум и бил симпатичен, ама сепак ништо не се случи помеѓу нас и неможам да кажам ништо повеќе околу тоа.(можам да кажам дека денес сме само многу добри другари :) )
Мислам дека кај 90% од луѓето се случува тоа, да пројават чувства и симпатии спрема другарката/ другарот од класот. Што мислите вие? Дали сте имале некоја училишна љубов која преминала во вечна љубов или нешто слично?
Пишете не се срамете. :smir:
 
Да. И тапа е. Барем во мојот случај. Може на некој ќе му се посреќи некогаш, ама знам дека мене ми беше едно од најлошите искуства во животот. Иако беше тоа тооолку одамна...:manikir: Се беше платонски и за тоа му благодарам на Господ... зашто во спротивно ќе се исколевме меѓу себе.
 
Мислам дека нема на кој не му се случило. Со тие луѓе поминуваш прилично голем дел од времето, па дури и по часовите. Секако дека ќе се развијат некои емоции (:
Ама кај мене останало само на симпатија. И тоа, онака.. некој краток период, некое безвезно свиѓање, ништо сериозно.
Ниту во основно, ниту во средно не ми се случило да се заљубам силно во соученик/другар. Сум свиѓала од мој клас, не сум преземала ништо - од друг клас и пошироко, најнормално. Поинаку е кога го гледаш пола ден, 5 дена од неделата. Ме свиѓале - сум ги одбивала. Глупаво ми е.
Нема да можам да дишам од него. На школо заедно, по школо заедно, на искачање заедно..? Да знае за секој ебана минута од моето секојдневие? Не.
Ма да, и немало некои лепотани по досегашните класови..
Никогаш не сум направила ништо со никој од мој клас (освен со еден исклучок во невесна состојба, која не се рачуна (: :па..:
И кога се свестив што сум сторила стварно беше awkward кога се видовме на 1ви септември. Мањебитно, помина и тоа (:
 
имал сум таква типка... заедно почнааме да одаме на италјански пред да дојдам за ИТ. саа ка ке размислам шо знам... мош не би се фатил со неа пак...:toe: ама сепак можам да кажам дека убаво ми беше тогај со неа... :pipi:
 
Па не баш нешо љубов... али некоја форма на свиѓање, да. Чисто така си беше... Ама не ми беше незгодно пошо се знаевме бајги а и такви си сме двајцата кежуал.
Моменти беа во прашање и се деси то шо се деси. Сеа ми е најнормален односот со него иако не учиме појќе заедно, ама и да учевме исто ќе ми беше.
 
Да на времето кога бев основно ужасно мнооогу ми се свиѓаше еден момак од мојот клас и тој тоа го знаеше,арно ама ко за инат почна врска со девојче од друг клас и мене ми беше ептен безвезе кога ќе го видев со неа......ама ете и тоа помина и поарно што не сум имала нешто повеќе со него......детски филмови ми биле тогаш би било огромна грешка доколку би направила такво нешто
 
Пааааа да....До пред 3 месеци....После се појави најслаткото девојче кое го имам видено и сега сме на тоа што сме
 
Имам симпатии спрема едно дете од мојот клас но не сум заљубена во него ...можам да кажам дека тоа е речиси неизбежно да почувствувате симпатии и привлечност кон некого со кого сте мин 6 часа во денот заедно, секогаш ќе има некој што ќе се издвои од другите и на досадните часови си го шмекате ..school days (: ..бдв да немаше женцка другарчето сиг ќе паднеше нешто ама ајде ќе си почекам јас (:
 
Ми се нема случено таква љубов, па слободно можам да кажам дека и симпатија. Можеби во второ, трето одделение сум покажувала некои симпатии кон некој школски другар, ама ништо повеќе од тоа, дури не се ни сеќавам на такво нешто. :)
 
Ја идам со девојка со мене што учи, па ништо... си се сакаме :smir:
 
Еееее имав ја у втора година дечко од класот. Дека медицина учев и сите девојчиња само две машки од кој едното беше убаво другото со текот на времето се попедерчи остана сам у класот со 35 девојчиња :) (иако сите машки би посакале да сте на негово место верујте ке ви пукне главата од толку кокошки кој се караат по цел ден :))
И да, одев со него неколку месеци, седевме заедно нашколо заедно. Не бев заљубена мн мн у него затоа и набрзо врската ни заврши по некој месец...ама пријателството не...иако се гледаме сега еднаш два пати у годината пак ке застанеме ке си направиме муабетче плус на фб се читкаме :icon_lol:
Имам познаници шо биле заедно од мали, учеле заедно се фатиле у средно и си се земаа :) и супер им е ...абе се зависи до чувствата, интензитетот, од ситуацијата во која се наоѓаат итн:toe:
 
Најдобро решение е да се соберите поке души од класот и играјте ШИШЕ :wink:.КЕ се згазите во смеа и кефо ке си го напрајте.ПРОВЕРЕНО :pos2:
 
Прилично лоша работа.

Кога си со некој 5 дена неделно, плус во некои случаи и искачања преку викенд, поголеми се шансите да се избламираш, кажеш нешто без размислување што не би требало да го кажеш, или направиш нешто со кое ќе си ги упропастиш сите шанси за да бидете заедно или пак ќе го расипеш другарството. Од друга страна, не е ист филингот кога ќе се обрукаш пред некој што не го знаеш, и пред оној/онаа кој/а го/ја свиѓаш. Вториот случај е поинтересен.

Другарство веќе нема. Затоа, има две варијанти: да го жртвуваш пријателството и да бидете заедно, и еден ден кога ќе раскинете да не сакате очи да си видите, и да ги криеш и потиснуваш емоциите и да страдаш во себе додека тој/таа ти ги доверува интимните тајни. И во двата случаи, ќе помине доста долго време за пак да се врати другарскиот однос или пак да не се врати воопшто.

Најинтересниот дел во сето ова е што со нетрпение чекаш да отидеш во школо, стануваш 3 саати однапред за да се спремиш, кога ќе го/ја видиш бегаш како ѓавол од крст, правиш милион третоодделенски глупости каде што апла се приметува дека има нешто. Најлошото што може да го направиш е се што ќе кажеш да има двосмислено значење, и да влезеш во конфликт со таа персона. Тогаш ненормално многу се приметува. И, кога ќе завршат часовите а ти е срам да го/ја викнеш да напраите муабет, седиш и им вршиш тортура на сите твои блиски соученици кои знаат кој/а ти се свиѓа и се обидуваш по стоти пат да ги протолкуваш неговите/нејзините зборови и што тие би можеле да значат (ко и оној/онаа во кој/а сте заљубен/а да се замара колку вас да смислува дво, тро и полисмислени реченици).

Е тоа е љубов. Ако ништо друго, барем е интересно. Има со што да се пополни времето, а е тронаменско - заљубен/а си, сакаш да идеш во школо и одеднаш добиваш ненормална желба да почнеш да учиш за да му/и кажуваш на тестови. Плус, изиграваш Шерлок Холмс и ги развиваш сивите мозочни ќелии за да ја разрешиш мистеријата дали и тој/таа чувствува нешто према тебе во зависност од се што ќе каже и направи во текот на денот.

Лошиот дел доаѓа кога останатите почнуваат да приметуваат и почнуваат со ремет. Во некои случаи, и професорите реметат. Тоа е стварно бедно.

Ми се случило да ми се свиѓаат луѓе со кои сум учела, но тоа траело најмногу 3 дена. Заљубување во некој од клас... Еднаш, и МНОГУ лошо искуство. И покрај тоа што траеше една година, ми беше пред се многу добар другар и поминавме прекрасни работи заедно, имаме заеднички спомени и секогаш кога се сеќавам на сето тоа се смеам, пред него се имам обрукано премногу. Дури и денес (затоа што останавме другари и ништо не се случи) знам да го погодам моментот и да кажам нешто што не треба а он да го сфати погрешно. Се надевам дека нема пак да ми се случи нешто слично.

Како и да е, спомнав и претходно, барем е интересно затоа што имаш со што да се замараш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom