Поранешниот министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, Љубе Бошкоски, изјави дека ќе се кандидира за иден претседател на Република Македонија.
„По официјалното распишување на изборите од страна на претседателот на Собранието, дозволете ми да одговорам на барањето на народот во Република Македонија и на најмногу поставуваното прашање во овој изминат период, да, јас ќе се кандидирам за претседател на Република Македонија“, изјави Бошкоски на средба со новинарите во Битола.
Популарниот Брат Љубе се надева на поддршка од македонските граѓани.
„Ја очекувам безрезервната поддршка на граѓаните на Република Македонија и ги повикувам оние кои веруваат во мене да веруваат и во иднината на нашата Македонија“, додаде Бошкоски.
За шеф на изборниот штаб на Љубе Бошкоски е назначен писателот Братислав Ташковски, кој најави модерна и европски ориентирана кампања за претседателскиот кандидат Љубе Бошкоски.
А1 Телевизија