Љубе Бошкоски ќе се кандидира за претседател

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Поранешниот министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, Љубе Бошкоски, изјави дека ќе се кандидира за иден претседател на Република Македонија.

„По официјалното распишување на изборите од страна на претседателот на Собранието, дозволете ми да одговорам на барањето на народот во Република Македонија и на најмногу поставуваното прашање во овој изминат период, да, јас ќе се кандидирам за претседател на Република Македонија“, изјави Бошкоски на средба со новинарите во Битола.

Популарниот Брат Љубе се надева на поддршка од македонските граѓани.

„Ја очекувам безрезервната поддршка на граѓаните на Република Македонија и ги повикувам оние кои веруваат во мене да веруваат и во иднината на нашата Македонија“, додаде Бошкоски.

За шеф на изборниот штаб на Љубе Бошкоски е назначен писателот Братислав Ташковски, кој најави модерна и европски ориентирана кампања за претседателскиот кандидат Љубе Бошкоски.


А1 Телевизија
 
Моите честитки за неговата кандидатура.
Се надевам дека ќе освои многу....
ама навистина многу гласови ! :wink:

Ниеден вистински патриот и вмровец не смее да си дозволи да не гласа за БРАТОТ.:vozbud:
 
само да изрзам моја безрезервна поддршка за кандидатурата на љубе
 
Ај да видиме која партија ќе застане позади него.
 
Ај да видиме која партија ќе застане позади него.

Нема да застане ниедна. Кога ќе изгуби на избори, ќе основа своја, и таа ќе биде опозицијата на сегашнава влада.
 
Ај да видиме која партија ќе застане позади него.

мене ми стое на вмро. не дека немаат посаглам, ама немаат попознат, а и башка вака рехабилитиран ЕУ и компанија мислам дека ќе го поддржат.
 
Ај да видиме која партија ќе застане позади него.
Мислам (не ме држи за збор) дека ќе се кандидира како самостоен кандидат со претходно собрани 10 000 потписи од граѓани.
 
па ако треба да бирам меѓу Т Петковски, Илинка Митрева и него би гласал за Љубе... тоа ти е тоа
 
јас ова година ке имам можност прв пат да гласам...па првиот мој глас тој ке го има..
 
Сите прави ВМРО-ВЦИ се должни да гласаат за братот!

ТАКА Е!!!

И не само ВМРО-ВЦИ, туку и сите поддржувачи на Љубе, и тоа што тој го поддржува!!

Ова е цитат од интервјуто на министерот за внатрешни работи на Република Македонија дадено во "Дневник" минатиот викенд: "...На ѕидот од камен, покрај многуте икони, стојат слики на Гоце Делчев, Ванчо Михајлов.
Бошковски објаснува: 'Во мене тлее идејата за помирување на македонскиот народ. Секој човек во еден историски момент може да направи грешки, но и доблести. Ако САД можат да прават филмови за бандити од типот на Ал Капоне, се прашувам зошто Македонија од своите херои прави предавници и Бугари. Тој феномен денес е најголема опасност за нехомогеноста на македонскиот народ. Симболиката со тие три слики има длабока порака - дека не треба да се делиме на ништо друго, освен на Македонци, кои се гордеат со својата земја. Знаете што ме зачудува? Тоа што сме согласни да амнестираме илјадници борци на ОНА, но никако не сме подготвени да ги погледнеме историските факти за луѓето што се бореле за Македонија и сe уште ги третираме како табу-тема...'".

Очигледно, г. Бошковски ја повторува добро познатата политика на сите бугаромани дека ни треба помирување со оние Македонци кои се чувствувале како Бугари и како такви дејствувале (а богами и сега дејствуваат), против сите оние кои се декларирале за етнички Македонци. Национални помирувања имало и ќе има, но тие никогаш не биле меѓу луѓе од различни националности, туку луѓе од иста националност, но со разни политички убедувања. Бугарската пропаганда намерно се обидува (не многу успешно, за среќа) да ги измеша овие поими. Не е точно ни за табу-темите. За Иван (Ванчо) Михајлов и за неговите застапници е доволно пишувано во нашиот печат. Тие остануваат она што се: крвни душмани на македонскиот народ, а дека на министерот тоа не му е јасно, воопшто не нe чуди, ниту пак нe чуди дека се наоѓа на такво високо и одговорно место. Причината дека е таму мора да е неговото национално убедување. Штета што резултатите мораме да ги трпиме сите, а посебно оние кои со пушка в рака се на првите линии на одбрана на Македонија.
Масовно за Љубе и ванчомихајловистите! :vozbud:
:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom