Квалификации за европските натпреварувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
утре има ждреб,кој и да се падне ќе биде многу многу појак од Работнички,ако има шанси со Хајдук да се паднат,би типувал на таа утакмица :D
Габала од азербејџан ваљда може да ги тепат
 
Од поодамна сметам дека македонските клубови треба само за ЛЕ да се борат. Секоја година го губиме шампионот бидејќи ЛШ е едноставно преголем залак за нас. Не дека Вардар немаа шанси годинава да стигнат подалеку, ама убеден сум дека во ЛЕ ќе стигнеа минимум до play off. Па така од година в година ќе стигнеа и до групите, а вака со ЛШ некако е безнадежно. Така да ако постои опција местото за ЛШ да се трампа со место за ЛЕ со некоја друга фудбалска федерација, слободно нека сторат.

Од колку е утре ждрепката?

The play-off draw will be streamed live on UEFA.com from 13.00CET on Friday 7 August.
 
Каква комедија човече:pos::pos:..Трабзонспорт со буџет преку 100 милиони евра е елиминиран од анонимен Работнички кој во составот има претежно домашни играчи од аматерската фудбалцка нација Македонија:cuc:...секоја чест за дечките,одсекогаш играле напаѓачки,организирано и со срце...

Иначе што се однесува до Турските екипи иако вложуваат многу во фудбалот сепак треба многу време да помини за сеуште да бидат некаков фактор...Руските екипи веќе 20 години вложуваат милијарди милијарди долари во нивните екипи и сеуште се статус кво ситуација а камоли другите држави каде фудбалот не е стигнат до таква точка...фудбалот е занает а не само лупање пари на празно
Какви 100 милиони бе човек се слушаш ли што збориш? :pos:
 
браво Работнички докажаа уште еднаш како се игра паметно,со срце и со душа,наспроти најавуваните мега проекти,солиден и стабилен клуб си гради свое реноме и ги добива симпатиите на македонската публика
 
И после некој ќе дојде тука да пише дека Работнички имаат среќа при ждрепките а забораваат дека до таа среќа се стигнува поминувајќи 3 кола во ЛЕ, и елеминирајќи тимови како Трабзнонспор.
 
Ааааааааааа БРАВОООО!!!!!!
Му се допаѓало на некој или не. Клуб од маало, играчи што играат за 200 евра, без подршка и навивачи е најдобар наш клуб у Европа.
Работнички треба да ја има почитта на секој гледач на мак фудбал без разлика за кого навива. Пример како се води клуб. Делат лекции.
Секој коментар е сувишен. БРАВО!!!:oeoeoe::oleee:
 
Знае некој колку пари лапнаа Работнички досега од квалификацииве?
 
Сега го гледав рејтингот, Работнички е меѓу 5-те најслаборангирани во последново коло. Во оние кои се можни противници има прејаки за нас екипи, кои 99.999% ќе не елиминираат како: Атлетик Билбао, Борусија Дортмунд, Ст. Етиен, Панатинаикос, Бордо итн...некои мали шанси имаме со Хајдук, Зорја од Украина, Карабак од Азербејџан, Хелсинки од Финска...и ќе видиме уште кој, не е уште комплетна листата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom